Проданоски со прилепските пензионери: Слушнавме искрени предлози и мислења

September 30, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари средба со пензионерите од градот, со кои разговараше за нивните потреби и предизвици. Тој истакна дека пензионерите се значаен дел од општеството и заслужуваат поголемо внимание и почит.

Здружението на пензионери во Прилеп брои над 12.000 членови и е едно од најголемите во Македонија. Проданоски нагласи дека дел од барањата на пензионерите веќе се предвидени во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, а наскоро ќе следат и конкретни решенија.

 

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе обезбеди 5.000 денари линеарно зголемување на пензиите во првата година. Ќе следат и нови мерки за поголема социјална сигурност и подобри услуги за пензионерите“, рече Проданоски.

Тој додаде дека му било драго лично да ги слушне мислењата и предлозите на пензионерите, бидејќи тие претставуваат основа за креирање на вистински политики. „Ќе продолжиме да работиме за пензионерите да се чувствуваат вреднувани, сигурни и поддржани“, нагласи Проданоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Неверојатно: Реал Мадрид после 25 години нема фудбалер со “Златна топка“!

Следно

Коњановски: Иновациите и жените претприемачи ја движат битолската економија

Latest from Blog

Македонската амбасада во ОАЕ со ВАЖНИ информации за евакуацијата на македонските државјани во Бахреин и Кувајт

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вечерва излезе со известување со кое ги информира македонските државјани во Бахреин и Кувајт за времето и начинот на нивната евакуација. -Информација за македонските граѓани
Go toTop