Проданоски: Развоен буџет за Прилеп и силен циклус на капитални инвестиции

March 6, 2026
1 min read

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, во гостување на Радио Холидеј зборуваше за новиот пристап во управувањето со општинскиот буџет, кој, како што истакна, ќе биде насочен кон развојни проекти, капитални инвестиции и подобрување на услугите за граѓаните. Целта, според него, е средствата од буџетот да се користат поодговорно и да се насочуваат кон проекти што носат долгорочен бенефит за градот.

„Сметам како градоначалник, а верувам дека се согласуваат и советниците дека ние треба секој еден денар којшто граѓаните го даваат во буџетот на општина Прилеп да го штедиме и треба полека да одиме во размислување дека иако се јавни градски пари треба да ги штедиме како од сопствениот домашниот буџет односно рационално да бидат користени и најголем дел од тие средства да одат во нови проекти во подобрување на квалитетот и на услугите“, изјави Проданоски.

Тој појасни дека општината веќе прави промена во стратегијата на трошење на јавните средства, преминувајќи од период на ограничени инвестиции кон фаза на поинтензивен развој. Како дел од тие напори, издвоени се 10 милиони денари за изработка на проектна документација, што е предуслов за аплицирање и привлекување средства од европските фондови. Дополнително, се очекува значително зголемување на приходите од концесиски надоместоци, кои од околу 50 до 60 милиони денари во 2024 година, според проценките, ќе достигнат 118 милиони денари во 2025 година, благодарение на новите законски измени.

 

Проданоски посочи дека во наредниот период фокусот ќе биде ставен на неколку клучни развојни сегменти. Меѓу нив е изработката на нов Генерален урбанистички план со кој ќе се прошируваат границите на градот и ќе се создадат нови парцели за домување и индустриски зони. Во делот на инфраструктурата, планирана е изградба на обиколницата „Исток“, со која товарниот сообраќај ќе се измести од градот, како и довршување на кружниот тек кај мостот „Табана“.

Паралелно со тоа, општината планира модернизација на комуналните услуги преку набавка на нови камиони за собирање смет и современи контејнери, како и реконструкција на водоводната и канализационата мрежа. Во рамки на зелената агенда и подобрувањето на јавниот транспорт се разгледува набавка на четири до шест електрични автобуси и имплементација на План за одржлива урбана мобилност.

Дигитализацијата на услугите е уште еден приоритет, при што се предвидува воведување електронска наплата на даноци и развој на е-услуги кои ќе им овозможат на граѓаните да завршуваат административни постапки без физичко присуство во општината. Во делот на социјалната политика, од септември 2026 година се планира финансиска поддршка од 3.000 денари за секое прваче, како и бесплатни училишни униформи за сите ученици во основното образование.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Altron Ismani zgjidhet kryetar i nëndegës së BDI-së në Drenovec

Следно

Комерцијална банка со најголем промет – МБИ10 падна под 10.000 поени (–0,25%)

Latest from Blog

ФИФА го зголеми „поткупот“: По 86 милиони долари за секој кој ќе гласа за „приватно Светско“!

ФИФА продолжува со забрзаното лансирање на новата подружница на Светското првенство, позната како ФИФА Форвард Ентерпрајз (ФФЕ) и покрај реакциите на светските асоцијации. Според „Скај Њуз“ управното тело на светскиот фудбал има

ВИДЕО | 49.000 МИГРАНТИ ЗА 24 ЧАСА – Сеута се соочи со невиден бран од Мароко

Речиси 49.000 мигратни пристигнале во шпанската северноафриканска енклава Сеута од Мароко во изминатите 24 часа, според проценките на локалните власти. Масовниот прилив предизвикал голем притисок врз граничните служби, откако илјадници луѓе ја

Управниот одбор на ПИОМ го усвои полугодишниот извештај за работата на Фондот

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ја одржа 36 седница на која беше усвоен Полугодишниот извештај за работата на Фондот во 2026 година. Директорот на фондот

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите во патишта, болници и железници се инвестиции во животниот стандард

31 јули 2026, Скопје – Јавниот долг во вториот квартал забележа намалување во споредба со состојбата на јавниот долг во претходниот квартал  од 0,1 процентен поен или во апсолутен износ за 21 милион евра. Изразен како

Реал новата „деветка“ ја купи од Леванте

Реал Мадрид го купи најдобриот напаѓач на екипата на Леванте, Карлос Еспи. 21-годишниот фудбалер потпиша договор со мадридскиот клуб до 30 јуни 2031 година. Трансферот на Еспи го означи најголемиот трансфер на
Go toTop