Screenshot

Проданоски: Првите 100 дена поставија темели за трансформација на Прилеп (ВИДЕО)

February 18, 2026
1 min read

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска се осврна на првите 100 дена од неговиот мандат, истакнувајќи дека периодот бил исполнет со посветена и системска работа.

„За почеток донесовме поголем и развоен буџет, започнавме инфраструктурни проекти и вложивме во образованието, спортот, животната средина, социјалната поддршка и културниот развој, поставувајќи темели за вистинска трансформација на нашиот град“, рече Проданоски.

Тој нагласи дека довербата се гради со резултати и дека работат одговорно, чесно и транспарентно, со јасна визија за модерен, зелен и економски развиен Прилеп. Градот ќе се фокусира на уредена инфраструктура, чиста средина, поддршка за младите и за секое семејство.

 

„Ова се само првите чекори. Пред нас се години на работа, инвестиции и нови успеси. Верувам дека заедно, со доверба и заедничка енергија, ќе изградиме иднина каква што заслужуваат сегашните и идните генерации“, додаде Проданоски, повикувајќи ги граѓаните на продолжување на заедничката посветена работа за Прилеп.

Видеото може да го погледнете тука

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Александар Николоски најави долгорочни патни решенија за Прилеп

Следно

Карабах прими пет парчиња за едно полувреме: Гордон постигна „покер-голови“

Latest from Blog

Преместувањето на жителите од кампот ал-Хол во Сирија се смета за чекор кон негово затворање

Кампот претходно беше под контрола на Сириските демократски сили (СДФ) предводени од Курдите, но беше преземен од сириските владини сили минатиот месец, кога Дамаск ја прошири контролата во таа област, пренесе ДПА.

Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДС, да не манипулира, за превозниците решение има во дијалогот со Европската Комисија

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна

(ВИДЕО) Проданоски: Поставени темелите за нов развој на Прилеп

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска се осврна на првите 100 дена од неговиот мандат, истакнувајќи дека периодот бил исполнет со посветена и системска работа. „За почеток донесовме поголем и развоен

Александар Николоски најави долгорочни патни решенија за Прилеп

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска од Прилеп најави три значајни инфраструктурни проекти кои треба да придонесат за долгорочен развој на општината. Тој посочи дека интензивно се гради автопатот Прилеп
Go toTop