Александар Николоски најави долгорочни патни решенија за Прилеп

February 18, 2026
1 min read

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска од Прилеп најави три значајни инфраструктурни проекти кои треба да придонесат за долгорочен развој на општината.

Тој посочи дека интензивно се гради автопатот Прилеп – Битола, а наскоро ќе започне постапка за изградба на нов автопат од Фариш до Прилеп. Исто така, во соработка со општината веќе се работи на план за изградба на обиколница околу градот, со цел тешките возила да не влегуваат во централното подрачје.

„Автопатот Прилеп – Битола се гради со засилена динамика и очекувам годинава да бидат поставени првите километри асфалт. Градоначалникот амбициозно работи на проектна програма за обиколница, а Владата ќе го финансира целосно овој проект и ќе биде реализиран во рамки на неговиот мандат. Исто така, во следниот месец до месец и пол ќе видите активности и за автопатот од Фариш до Прилеп, со што Прилеп ќе биде поврзан од двете страни“, изјави Николоски.

 

На одбележувањето на 100 дена локална власт во Прилеп, вицепремиерот истакна дека Владата продолжува да дава сериозна поддршка за економски и инфраструктурен развој на општината. „Сакам да му честитам на градоначалникот Проданоски за успешната работа во овие 100 дена. Поддршката од Владата ќе продолжи преку средства за инфраструктура, стопанство и земјоделие, со цел сите ветени проекти да се реализираат“, додаде Николоски.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Со спортот се создаваат здрави генерации и активен живот во Битола (ВИДЕО)

Следно

Проданоски: Првите 100 дена поставија темели за трансформација на Прилеп (ВИДЕО)

Latest from Blog

Чад ги прекри САД и Канада- на граѓаните им се препорачува да не излегуваат од дома (ВИДЕО)

Чадот од шумските пожари што беснеат во Канада и американската држава Минесота покри големи делови од Средниот Запад и Североисток, сериозно деградирајќи го квалитетот на воздухот и изложувајќи милиони луѓе на опасни

Силен земјотрес од 7,3 степени го погоди Мексико, зградите се виткаат како од гума- се очекува цунами (ВИДЕО)

Силен земјотрес го погоди брегот на мексиканската држава Чијапас, предизвикувајќи предупредување за цунами. Американскиот геолошки завод (USGS) соопшти дека земјотресот имал магнитуда од 7,3 степени. 🇲🇽 #BREAKING: Terrifying video captures buildings swaying
Go toTop