Проданоски: Прилеп воведува системски пристап за решавање на сообраќајниот метеж

May 19, 2026
1 min read

Прилеп започнува со конкретни чекори за решавање на сообраќајниот метеж на најкритичните крстосници во градот – „Кај Чумовчани“, „Кај Интернатот“ и „Нова автобуска“, каде што со години наназад граѓаните се соочуваат со долги колони и застој, особено во шпицните часови.

Во рамки на новиот пристап, Општина Прилеп со помош на дронови изврши мерење на протокот на сообраќај на повеќе локации низ градот, со цел да се добијат прецизни податоци и врз основа на нив да се изработат најсоодветни сообраќајни решенија.

Градоначалникот Дејан Проданоски изјави дека анализите ќе помогнат конечно да се најде трајно решение за најоптоварените точки во градот и директно да се подобри безбедноста во сообраќајот.

„Измеривме неколку крстосници каде што има сериозно загушување на сообраќајот. Со бројките и софтверската анализа ќе го добиеме најсоодветното решение за тие критични точки кои ги имаме во градот. Со тоа директно би ја подобриле безбедноста на сообраќајот“, истакна Проданоски.

Во фокусот на анализата моментално е крстосницата „Нова автобуска“, која важи за една од најпроблематичните локации во Прилеп. Според градоначалникот, во шпицните часови таму се чека и до 15-20 минути за поминување.

„Најпрво ја разгледуваме крстосницата кај новата автобуска станица и бараме стручно мислење. Ние предложивме одредено решение, но бројките ќе го дадат конкретниот одговор. Постојат параметри според кои се уредува една крстосница – горниот праг е 1200 возила на час за да биде кружен тек. Доколку тие параметри се надминати, ќе бараме друго решение“, рече Проданоски.

Според најавите од Општината, до крајот на мај се очекува да биде уредена крстосницата „Кај Интернатот“, додека анализите треба да покажат дали „Кај Чумовчани“ ќе остане со семафори или ќе се гради кружен тек.

Покрај тоа, локалната самоуправа веќе детектирала и други критични точки каде што возилата се движат со зголемена брзина. За тие делови се разгледуваат иновативни решенија како стеснување на визурата, промена на текстурата на коловозот и други мерки за смирување на сообраќајот.

Со овој проект, Општина Прилеп најавува системски пристап кон решавањето на сообраќајните проблеми преку употреба на современа технологија, детални теренски мерења и стручни анализи.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Артета: Мораме да почекаме што ќе се случи…

Следно

ВЛЕН: Ова не е грижа за студентите, туку обид за политички поени

Latest from Blog

ИЗИР: Македонија не смее да ја пропушти шансата за економски развој преку одговорно искористување на минералните ресурси

Додека европските земји вложуваат значителни средства во геолошки истражувања и откривање нови наоѓалишта на минерални суровини, во Македонија значајни рударски проекти со години остануваат во неизвесност. Примерот на Шпанија, која вложува 197

Николоски: Со третиот оператор очекувам значително пониски цени на мобилните услуги

Македонија е меѓу земјите во кои се планира воведување директно сателитско поврзување со мобилни телефони преку „Старлинк“, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во интервју за „360 степени“ на МРТ

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата
Go toTop