Проданоски: Прилеп повторно достоен домаќин на меѓународен карневал

February 22, 2026
1 min read

Прилеп во изминатите два дена беше во знакот на традицијата, радоста и заедништвото, одбележувајќи значаен двоен јубилеј – 25 години од Карневалот „Прочка“ и 100 години од „Прилепски мечкари“. Градоначалникот Дејан Проданоски истакна дека градот пулсирал во карневалски ритам, обединет околу вековната традиција која се пренесува од генерација на генерација.

„Прилеп живееше во овие два карневалски денови, со детското дефиле и централната карневалска поворка. Ова не е само манифестација, туку идентитет и култура што ја негуваме со гордост“, порача Проданоски.

Тој нагласи дека годинава карневалот повторно го добил својот меѓународен карактер, со учество на бројни гости од земјата и Европа, меѓу кои и претседателот на Федерацијата на европски карневалски градови, Ларс Алгел. Според него, тоа е доказ дека Прилеп е достоен домаќин на значајни културни настани.

Градоначалникот посебно ја истакна симболиката на „Прилепски мечкари“, кои претставуваат нематеријално културно наследство и белег на истрајноста и автентичноста на прилепчани.

Во рамки на карневалот беа доделени и награди за најдобрите маски. Гран при наградата ја освои „Весела фарма“ од ООУ „Добре Јованоски“. Во детската конкуренција првото место го освои маската „Од цветот на знаењето се раѓа медот на успехот“ од ООУ „Кочо Рацин“, второто „Шах-Мат“ од ООУ „Рампо Левката“, а третото „Јинг Јанг“ од ООУ „Кире Гаврилоски Јане“.

Во категоријата возрасни групни маски, најдобра беше „Пепелашка на карневал“ од Зодијак, пред „Прилепска златна кралица“ од СОУ „Ѓорче Петров“ и „Врховниот совет на смарагдите“ од Здружение за развој и едукација. Кај поединечните маски, наградата за детска маска ја доби „Gothic girl“ од Мидеа, додека кај возрасните најдобра беше „Puxelstar“ од Мила Спиркоска.

Проданоски упати благодарност до сите учесници, институции, волонтери и граѓани кои придонеле за успешната организација, потенцирајќи дека ова е заеднички успех на целиот град.

„Прилеп овие денови живееше со насмевка, традиција и гордост“, порача градоначалникот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Аеродромите во Москва привремено затворени за сообраќај поради напад со дронови

Latest from Blog

Аеродромите во Москва привремено затворени за сообраќај поради напад со дронови

 – На аеродроми Внуково, Домодедово, Жуковски и Шереметјево воведени се привремени ограничувања за пристигнување и заминување на авиони. Ограничувањата се неопходни за да се обезбеди безбедноста на летовите, се вели во соопштението

КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: Како поради Панче Тошковски и Весна Јаневска станавме нација со дебели стомаци!?

Стресот е лоша работа. Не личи за вакви редови, ама вистинскиот збор е дека е „заебана“ работа. Го зголемува кортизолот, а тој е врзан со адреналинот и ако не го потрошиш, ти

Нема зима без загаден воздух во Тетово – греењето „на сè и сешто“ и сообраќајниот хаос се децениски причини за аерозагадувањето

Ако нема итна промена на навиките, нема да има чист воздух во Тетово. Сè додека се затоплуваат домовите со сè и сешто, со часови има сообраќаен метеж и трае експанзијата на градежништво

Николо Ровела со долга пауза пред него

Играчот од средниот ред на Лацио, Николо Ровела се соочува со долга пауза затоа што на вчерашниот домашен дуел на тимот против Каљари на гостински терен во рамките од новото Серија А

Проданоски: Прилеп блеска со традицијата на Мечкарите

Прилеп денес е домаќин на големи прослави, обединувајќи две значајни традиции. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека оваа година градот ја прославува 25-годишнината од Карневал Прочка, како и вековното постоење
Go toTop