Проданоски: Нова современа детска градинка, со капацитет за 200 деца во Прилеп

October 5, 2025
1 min read

Секој вистински развој почнува со најмалите, но најзначајни чекори, со проекти што создаваат подобра иднина за нашите деца и за целиот град. Денес го претставувам проектот за нова современа детска градинка, инвестиција што ќе биде симбол на сигурност, иднина и грижа, вели кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски.

-Ова градинка не е само објект, таа е порака дека Прилеп ќе продолжиме да го градиме со визија и со одговорност кон идните генерации. На површина од над 2000 метри квадратни ќе изградиме модерен енергетски ефикасен и целосно пристапен објект со безбедна и топла средина за игра, учење и растење, рече тој.

Со овој проект ќе се овозможи згрижување на 200 деца од предучилишна возраст што значи полесно секојдневие за родителите, нови работни места и зголемен економски развој.

-Ова е вистински пример за тоа како инвестицијата во најмладите е инвестиција во целата заедница. Заедно ќе создадеме Прилеп што расте, се развива и обезбедува достоинствен живот за сите граѓани. Со модерна инфраструктура со кавалитетни јавни услуги и со вистинска грижа за секој еден жител на општина Прилеп. Со ваквите проекти што ќе ги реализираме сигурен сум дека чекор по чекор ќе го подобруваме нашиот град, како град на можности, напредок и заедништво, посочува Проданоски.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Чаир со голем урбан пресврт – претставен Мастер планот на Меџити и Вардар

Следно

Коњановски ќе ја унапредува велосипедската инфраструктура во Битола

Latest from Blog

Низ САД се шири лесно достапна дрога- „хероинот од бензинска пумпа“ е посилна од фентанил

Америка се соочува со нова закана – супстанцијата 7-OH, која Администрацијата за храна и лекови (FDA) веќе ја прогласи за „следен бран на епидемијата на опиоиди“. Оваа хемикалија доаѓа од растението кратом,

АС: Реал ќе ги продава Чуамени и Камавинга

фото: Um Madridista @UmMadridistaa (X) Реал е подготвен да продаде еден од своите играчи од средниот ред за да ги покрие трошоците за трансфери.  Како што објави „Ас“, мадридскиот клуб размислува за

СТИГНА ОДГОВОР: Дали Германија ќе распореди сили во Ормуз?

Денес, германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги намали надежите за евентуално брзо распоредување на германските сили како дел од евентуална воена операција за отворање на Ормутскиот теснец, објави денес „Тагешау“. Клучна
Go toTop