Проблемот со фантом лицата и натаму присутен – со помош на Народниот правобранител по 12 години конечно доби документи

February 19, 2025
1 min read

По 12 години малата Ангела конечно го доби документот со кој е заведена во матичната евиденција. Иако родена во 2012 година во Скопје, таа дури сега се стекна со извод на родени откако нејзината баба Ѓулизар Сулејман по долго талкање по институционалните ходници не успеала да и извади документ. Таа заедно со Центарот за деца покренала случај кај Народниот правобранител за конечно да се реши овој проблем. Поради тоа што немало документи девојчето и не било запишано во училиште, само посетувало настава во Дневниот центар од Центарот за социјални случаи.

-Многу ми беше тешко, плачев за да учи школо, плачев, но од градоначалникот сопругата го носела таму во школо и го запиша без извод. А сега кај нив учи, јаде, пие, топло е внатре во Центарот, му дадоа алишта, многу сум благодарна, изјави Ѓулизар Сулејман, баба на Ангела.

Народниот правобранител Насер Зибери вели дека во текот на постапката за девојчево постојано се барале документи кои бабата воопшто не знаела од која институција да ги побара, но подоцна се покажало дека сите тие документи воопшто и не требале. Со таков проблем се соочиле и од кај Народниот правобранител.

-Според информациите кои ги добив од вработените кои работеа на овој предмет и тие се соочиле со низа небулози при негово решавање. На пример им било посочено дека странката треба да побара и достави еден куп пропратни документи за да на крај излезе дека било потребно само да се обезбеди податок од Клиниката за гинекологија и акушерство каде што детето е родено, изјави Насер Зибери, Народен правобранител.

Од Дневниот центар за деца велат дека во целата постапка за девојчето да не се води повеќе како „фантом“ најголема помош добиле токму од Народниот правобранител.

-Исконтактиравме со Народниот правобранител ни се најдоа како поддршка, помош, за да може девојчето да добие конечно документ поради кое претходно беше фантом. Значи после цели 12 години конечно девојчето има извод, изјави Мери Мадестанов Фејзулаху, дневен центар за деца.

Во центрите за социјална работа евидентирани се 700 лица кои се без документи. Од нив над 400 лица се поттикнати да се пријават за да побараат документи но за повеќе од половината од нив воопшто не е покрената постапка.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анкета: Зеленски има 57 отсто поддршка, спротивно на тврдењата на Трамп

Следно

ФОТО+ВИДЕО: Симулациска вежба на македонската и грчката полиција за прекугранична контролирана испорака

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop