Приземјени се 171 патнички авиони „Боинг 737-9 Макс“

January 7, 2024
1 min read

Федералната воздухопловна администрација (ФАА) нареди приземјување на 171 патнички авиони „Боинг 737-9 Макс“ („Boеing 737-9 Max 9“) низ целиот свет по инцидентот за време на лет на еден од авионите на авиокомпанијата „Алјаска ерлајнс“. 

Од авиокомпанијата велат дека летовите се откажани, а итните инспекции на авионите ќе потраат.

„Осумнаесет од авионите 737-9 MAX кои работеа во саботата, откако беа прегледани, сега исто така се повлечени од употреба додека деталите за можните дополнителни работи за одржување не бидат потврдени со ФАА. Работиме со ФАА за да се осигураме дека нашите инспекции ги исполнуваат нивните детални барања“,

наведуваат од авиокомпанијата „Алјаска ерлајнс“.

Според проценки на авиокомпаијата, повеќе од 20 илјади патници се соочуваат со откажување на летовите.

Повеќе авиокомпании како „Алјаска ерлајнс“ или „Јунајтед ерлајнс“ го прекинаа сервисирањето на овие авиони за инспекција по наредбата на ФАА. Другите американски авиокомпании како „Саутвест“ и „Американ“ изјавија дека не употребуваат „737-9 Max“ туку „737-8 Max“.

Инспекциите следуваат по вчерашниот инцидент кога авион „боинг 737-9 макс“ на „Алјаска ерлајнс“ принудно слета во американската држава Орегон откако му испаднале еден прозорец и дел од трупот на височина од 5 000 метри набргу по полетувањето.

Федералната управа за авијација (ФАА) објави дека авионот слетал безбедно откако екипажот пријавил проблеми со притисокот. Започната е истрага за инцидентот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шпанија ги призна пасошите на Косово

Следно

Шест Палестинци загинаа во израелски бомбардирања во Џенин на окупираниот Западен Брег

Latest from Blog

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop