Приведени возачи во делчевско и гостиварско, возеле под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената

August 9, 2025
1 min read

На 08.08.2025 во 12:00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода П.К.(32) од Радовиш. При контрола во патниот сообраќај со радар било констатирано дека П.К. управувал патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки  надвор од населено место со брзина од 133 километри на час на место каде што со сообраќаен знак  брзината е ограничена на 60 километри на час.

На 08.08.2025 околу 23:30 часот во село Ростуше, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Н.С.(42) од Охрид. Тој со патничко моторно возило ,,сузуки” со охридски регистарски таблички предизвикал сообраќајна незгода, по што при преземање мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека Н.С. е под дјество на алкохол, односно му биле измерени 1,86 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФФМ ја најавува новата сезона во Прва лига: Заедно за подобар македонски фудбал

Следно

Сирија ја осуди конференцијата на терористичката група СДС, се повлекува од планираните разговори во Париз

Latest from Blog

Општина Битола воведува сигурна и бесплатна Wi-Fi мрежа за граѓаните во рамки на WiFi4WB

Граѓаните и посетителите на Битола од сега можат да користат бесплатен јавен Wi-Fi на локацијата Градски пазар. Мрежата е поставена во рамки на иницијативата WiFi4WB, која е финансирана од Европската Унија и
Go toTop