Приведени најмалку три лица за насилно однесување на протестот во Тирана

April 26, 2024
1 min read

Протестот на опозицијата пред градското собрание на Тирана, проследен со фрлање молотови коктели врз зградата на локалната власт на албанската метропола, заврши со порака за нов протест в четврток.

Не изостанаа и обиди насилно да се влезе во објектот со пробивање на полицискиот кордон, а беа фрлани и други предмети, поради што зголемено беше полициското присуство, а интервенираше и противпожарна екипа.

Според албанските медиуми, приведени се најмалку три лица, а пред објектот се стручни екипи кои прибираат докази.

– Протести пред општина Тирана се додека крадецот (Ерион Велиај) не си замине. Бараме да реагираат и меѓународните претставници за кражбите и корупцијата во која е потоната државата, порачаа организаторите.

Ова е четврти протест организиран од побројното крило на опозициските демократи „Иницијатива за обнова на ДП”- приврзаници на Сали Бериша, поддржани од Партијата на слободата на поранешниот претседател Илир Мета и Алијансата за заштита на театарот.

Тие бараат оставка на градоначалникот Ерион Велиај по откривањето на скандалот „5Д“ за злоупотреба на државни средства, за што, по налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, се уапсени десетина високи раководители во општината, блиски соработници на Велиај, кој ги отфрла сите обвинување за негова вмешаност. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Продолжува кампањата за парламентарните избори

Следно

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: познато кога ќе се врати на должностите

Latest from Blog

Иран ја поништи одлуката за отворање на Ормутскиот теснец поради блокадата на САД

„Контролата врз Ормутскиот теснец се врати во претходната состојба и овој стратешки премин е под строго управување и контрола на вооружените сили“, изјави портпаролот на Хатам-ал Анбија, Централниот штаб на вооружените сили,

Коњановски: Битола го слави фудбалот и пријателството преку турнирот на конзули ветерани

Денеска, заедно со претседателот на Советот, Бојкоски, присуствувавме на фудбалскиот турнир по повод 10-годишнината од постоењето на „Конзули ветерани“ од Битола, изјави градоначалникот Тони Коњановски. Тој нагласи дека станува збор за настан

Коњановски: Битола домаќин на меѓународен ветерански фудбалски турнир

Денеска, заедно со претседателот на Советот, Бојкоски, присуствувавме на фудбалскиот турнир по повод 10-годишнината од постоењето на „Конзули ветерани“ од Битола, изјави градоначалникот Тони Коњановски. Тој нагласи дека станува збор за настан
Go toTop