Приведени бугарски државјани кои навредуваа и напаѓаа македонски полицајци на „Деве Баир“

February 4, 2023
1 min read

Македонската полиција утринава на граничниот премин „Деве Баир“ не пропушташе бугарски државјани бидејќи, како што официјално соопшти МВР, компјутерскиот систем на граничните премини беше паднат. Ова предизвика револт кај група од 50-ина Бугари кои со навреди, недолично однесување и закани реагираат и бараат да бидат пуштени да одат на гробот на Гоце Делчев во Скопје

Тројца бугарски државјани денеска се приведени на граничниот премин „Деве Баир“ бидејќи се обиделе физички да нападнат полициски службеници, информираат од МВР.

„Околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.З (35), А.Х (50) и Р.Х (54) бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале. Потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот“,

велат од МВР.

Како што информираа претходно од МВР, отстранет е дефектот на системот на сите гранични премини и се пропуштаат возила за влез и излез од земјава.

Од утринава неколку часа беше во прекин протокот на возила на граничните премини поради пад на системот. Поради тоа, на бугарските државјани кои денеска тргнаа кон Скопје да се поклонат на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев им беше оневозможен влез во Македонија.

Ова предизвика тензии и расправии на граничниот премин „Деве Баир“ каде што бугарски државјани, поради неможноста да ја преминат границата, упатуваа навреди и недолично се однесуваа кон македонската гранична полиција.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Медведев: Москва нема ограничување за видовите оружје што може да ги употреби

Следно

Руските пратеници ги повикаа европските парламенти јавно да го осудат палењето на Куранот

Latest from Blog

По три децении, Битола повторно ќе го бодри националниот тим

Битола по цели 31 година повторно ќе биде домаќин на еден репрезентативен натпревар. На 9 септември, на стадионот „Петар Милошевски“, младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ќе го одигра квалификацискиот

Белгија го прегази Лихтенштајн, Германија се „сопна“ кај Словачка (ВИДЕО)

Белгија не дозволи никакво изненадување на вечерашното гостување кај Лихтенштајн и со убедливи 0:6 ја обезбеди и втората победа во групата во која е и нашата репрезентација. Во третиот меч Белгија тргна

Меџити од Дуќанџик: ВЛЕН е иднината на Чаир, а не сателитите на ДУИ! (ВИДЕО)

Првиот вицепремиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, заедно со носителот на советничката листа Мухамед Муртези и пратеникот Беким Сали, вечерва беа пречекани во конакот на хаџи

Гугл ќе плати отштета од 425,7 милиони долари за шпионирање на паметни телефони

Американскиот федерален суд му наложи на Google да плати 425,7 милиони долари за нелегално шпионирање на паметните телефони на луѓето во текот на речиси една деценија. Пресудата од среда во федералниот суд
Go toTop