Приведен возач кој со патничко возило удри пешак во Скопје

April 26, 2025
1 min read

На 26.04.2025 во 01.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ј.(31) од Скопје. На 25.04.2025 во 20.30 часот на кружен тек од ул.„Кирил и Методиј“, ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Костурски Херои“, тој со патничко возило „фоксваген“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во пешакот Ѓ.П.(87) од Скопје.

Со возило на Итна медицинска помош пешакот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Е.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МНР ќе го одземе дипломатскиот пасош на Димитровска кога ќе и престане функцијата

Следно

„Децата умираат од глад во Газа“, истакна Лазарини, генералниот комесар на УНРВА

Latest from Blog

Ел Чапо проговори од самица: Бара итна екстрадиција; „Моите човекови права се кршат“

Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, поранешниот водач на картелот Синалоа, испрати ново писмо до судијата Брајан Коган барајќи негова екстрадиција во Мексико. Некогаш најбараниот човек во светот инсистира во писмото на „еднаков третман

Повик за апликации за НАТО Програмата за млади професионалци

Програмата на НАТО за млади професионалци го објави повикот за привлекување на млади талентирани лица од земјите членки на Алијансата. Тригодишната програма нуди можност заинтересираните кандидати да ја развијат нивната кариера и
Go toTop