Приведен Лиридон Реџепи кој управувал со мрежата за финансирање на МОСАД во Туркије

September 3, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Според информациите добиени од безбедносни извори, утврдено е дека Лиридон Реџепи управувал со мрежата за финансирање на МОСАД во Туркије, известува Анадолу.

Се дознава дека Реџепи, кој по добиените инструкции од израелската разузнавачка служба, снимал со беспилотни летала и спроведувал психолошки операции врз палестинските политичари, му префрлал и пари на теренскиот персонал во Туркије што бил задолжен да собира информации за сириските подрачја.

Сите активности на Реџепи, особено сомнителните трансакции на неговите сметки, биле следени, а Реџепи, за кого МИТ утврди дека извршил голем број трансфери на пари до персоналот на теренот во Туркије преку Вестерн Унион, бил следен од моментот кога влегол во Туркије на 25 август.

Како резултат на координираната работа на МИТ со полициската управа во Истанбул, Реџепи бил приведен на 30 август.

По изјавата дадена во полиција во која признава дека вршел трансфер на пари, Реџепи е приведен по одлука на судот пред кој е изведен.

– Разоткриена е мрежата за финансирање на МОСАД

Како резултат на операциите спроведени од МИТ, утврдено е дека МОСАД на својот персонал на теренот во Туркије му префрлал пари од источноевропските земји, особено од Косово.

Како резултат на следењето на движењето на парите, откриено е дека парите што доаѓале од Косово теренскиот персонал во Туркије ги префрлал до подизворите на информации во Сирија преку Вестерн Унион и како криптовалути.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Извршниот директор на Манчестер Јунајтед изрази целосна поддршка за Тен Хаг

Следно

Кривичен: Одобрен е обвинителниот акт против Љупчо Палевски – првото рочиште е закажано за во среда

Latest from Blog

Земјотрес го погоди Санторини

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран во 02:25 часот наутро во близина на грчкиот остров Санторини. Според податоците од Геодинамичкиот институт при Националната опсерваторија во Атина, епицентарот

Републиканците во американскиот Конгрес се соочуваат со тешкотии при усвојувањето на законот на Трамп

Републиканците во американскиот Конгрес се соочуваат со предизвици во обидот да го усвојат пакетот намалувања на даноците и буџетот од претседателот Доналд Трамп, кој инсистира законот да биде усвоен до утре, 4

Одбиено обвинението против кумановскиот градоначалник, обвинителството се откажа од обвинението

Основниот суд Куманово донесе пресуда со која обвинението против кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски се одбива, бидејќи јавниот обвинител се откажал од обвинението, соопшти кумановскиот суд. -Основниот суд Куманово заради интерес на јавноста
Go toTop