Приватните специјализанти незадоволни од владиниот одговор, продолжуваат со штрајкот

April 17, 2024
1 min read

Разочарани од одлуката на Владата работниот статус да им се решава по изборите, приватните специјализанти и денеска – трет ден по ред штрајкуваа. 

На Владата и порачаа дека одбивањето да го реши овој проблем сега, за нив е јасна порака дека за младите лекари нема место во оваа држава.

„Почитуван министер дали вам толку ви е замаглен погледот од партиските консталации во оваа држава што и малкуте граѓани, интелектуалци кои останавме не ги гледате и не им давате на значење, ве молиме престанете да калкулирате, гледајќи одозгора и сметајќи дека сите ние овде сме со некаква агенда, но не  не има и нас кои доколку бевме доволно вреднувани ќе бевме со нашите колеги државни специјалзианти кои се внатре сега и  одработуваат за нас задоволвни од нивните услови за работа“, вели специјализантот д-р Даниел Трајков.

Специјализантите ги повикаа и колегите специјалисти да ги поддржат во нивната борба за подобри услови. Денеска професорката Љубинка Крстиќ од Универзитетската клиника за ревматологија застана до нив и јавно ги повика надлежните да реагираат за да ги задржат овие млади лекари.   

 

Велат – не отстапуваат од барањата и дополнително ќе одлучуваат како ќе го продолжат штрајкот. 

Барањата на младите лекари се платата да им биде изедначена со просечната како и да добијат здравствено осигрувуање.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Француската полиција растури импровизиран камп на стотици мигранти во Париз

Следно

МЕЛИНА ЏИНОВИЌ И ТОНИ БИЈЕЛИЌ СЕ ОДМОРААТ ВО МОНАКО ПО РАЗВОДИТЕ – дали отпатуваа заедно е прашање кое ги мачи сите, по ова веќе сè е јасно!

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop