Приватните превозници утре продолжуваат да возат, ВМРО-ДПМНЕ и понатаму игра играрии во Советот на Град Скопје

November 30, 2024
1 min read

Приватните превозници од утре се враќаат на улица. Во понеделник нема да го блокираат главниот град.

На денешната координативна средба во градот Скопје постигнат е договор во рок од 15 дена, независни експерти да направат анализа колку точно ќе добијат зголемување по извозен километар. Новите цени би се применувале од 1 јануари. 

Ваквиот предлог дојде од советниците на СДСМ на градот Скопје, откако вчерашниот заклучот за покачување на цената за 30 денари по километар, од градот Скопје беше отфрлен како невалиден.

Советниците од ВМРО ДПМНЕ го напуштиле состанокот, со образложение дека вчерашната одлука за нив е легитимна. Денешниот средба ја оценија како политичка игра.

Вчера Советот на Град Скопје изгласа зголемување на цената по изминат километар на приватните превзоници од сегашните 70 на 100  денари.

Оваа цена би се применувала до мај, кога истекуваат договорите со приватните првозници. 

Но Стручните служби на администрацијата на градот Скопје и градоначалничката Арсовска, ваквиот заклучок го сметаат за неважечки, затоа што е донесен без кворум, со присутво на само 19 советници.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево – Охрид и кај Плетвар

Следно

ВИДЕО: Обилни врнежи од снег на Плетвар, заглавени десетина коли

Latest from Blog

Тешко повреден пожарникар вчера во Бразда

Пожарникар на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје се здоби со тешки телесни повреди откако вчера околу 10:10 часот паднал од четирицикл во шумскиот предел „Жејковац“, кај селото Бразда. Според полицијата, 48-годишниот

Предлог-извештајот на Вајц за Македонија пред пратениците во ЕП – шансите да остане македонскиот јазик се многу мали

Дел од европратениците нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет од извештајот на Европскиот Парламент, порача премиерот Мицкоски. На само неколку часа пред документот за напредокот на земјата, да

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни

Алиу – Срцева: На Клиниката за ТОАРИЛУЦ се реализирани или во фаза на реализација над 23 проекти и иницијативи за една година

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Клиниката за ТОАРИЛУЦ, во рамки на која е во напредна фаза темелна реконструкција на КАРИЛ. -Оваа реконструкција е согласно најсовремените европски и светски стандарди,
Go toTop