Приватните превозници од утре се враќаат на скопските улици – потпишаа договор со ЈСП

May 23, 2023
1 min read

Во скопскиот јавен превоз, како што пишува во соопштението на ЈСП, од утре ќе сообраќаат 105 автобуси на приватните превозници кои ќе ги опслужуваат линиите: 23, 45, 61, 63, 73, 9, 11, 11A, 12, 47A, 55, 19, 20, 22, 52 и 54

Приватните превозници од утре се враќаат на улиците. Ваквата информација денеска преку писмено соопштение до медиумите ја соопшти Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“.

Фото: МИА

Во скопскиот јавен превоз, како што пишува во соопштението, од утре ќе сообраќаат 105 автобуси на приватните превозници кои ќе ги опслужуваат линиите: 23, 45, 61, 63, 73, 9, 11, 11A, 12, 47A, 55, 19, 20, 22, 52 и 54.

„Денеска, в.д. директорот на ЈСП Скопје, Крсте Петревски, го потпиша договорот со приватните превозници, а веќе од утре 105 модерни автобуси, кои ги исполнуваат еколошките стандарди согласно јавниот повик, ќе сообраќаат на скопските улици“,

се додава во соопштението на ЈСП.

Фото: ЈСП

Враќањето на приватните автобуски превозници на скопските улици доаѓа по трите пропаднати повици кои Град Скопје ги распиша за нивно повторно вклучување во јавниот превоз, откако пред околу половина година тие престанаа да сообраќаат барајќи од ЈСП и од Градот исплата на долгот од над еден милион евра.

Првите два огласи пропаднаа оти на нив не се пријави никој, а третиот оглас пропадна поради, како што тогаш соопштија службите на Град Скопје, нецелосната документација на подносителите на апликациите.

Приватните превозници во ноември 2022 година престанаа да бидат дел од градскиот јавен превоз поради долгови што бараа да им бидат исплатени од Град Скопје. Кон крајот на ноември и почетокот на декември со повеќе од 300 автобуси паркирани на клучните крстосници го блокираа главниот град.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Изложба на македонски музички плакати во Галерија МКЦ на 26 мај

Следно

И лидерот на ПАСОК го врати мандатот за состав на влада

Latest from Blog

Турскиот претседател Ердоган со порака по повод 110 години од Копнените битки кај Чанаккале

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес со порака ја одбележа 110-годишнината од Копнените битки кај Чанаккале, јавува Анадолу. „Жртвите, храброста и решителноста на турската нација ни го доверија ‘Духот

Ѓоковиќ: Се чувствува смената на генерации

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави денеска дека се чувствува оти дошло до генерациска смена и луѓето почнале да прифаќаат дека Роџер Федерер, Рафаел Надал и Енди Мареј повеќе не играат. „Се чувствува

Висок руски воен претставник загина во експлозија на автомобил во Москва

МОСКВА (АА) – Истражниот комитет на Русија соопшти дека висок воен претставник загинал во експлозија на автомобил утринава во регионот на Москва, јавува Анадолу. Портпаролката на комитетот, Светлана Петренко, потврди дека Јарослав

Малолетници повредени откако 21-годишник од скопско Миладиновци удрил во нив со „Мерцедес“

На 24.04.2025 околу 21.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„10“ во с.Миладиновци, скопско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(21) од с.Миладиновци, удрило во двајца малолетници

Излезе од печат најновата хаику збирка „Микроскоп, телескоп, стетоскоп“ од Васко Марковски

Деновиве излезе од печат најновата хаику збирка „Микроскоп, телескоп, стетоскоп“ од Васко Марковски. „Последниве две децении канонизираниот лирски вид хаику доживува силен интерес меѓу македонските писатели, а меѓу нив особено се истакнува
Go toTop