Приватните превозници нема да сообраќаат додека ЈСП не им ги префрли парите

June 4, 2025
1 min read

Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај веднаш, птом ЈСП Скопје им ги исплати парите, потврди денеска Јовица Зафировски претставник на приватните превозници за ТВ24.

Приватните превозници не сообраќаат и нема да сообраќаат додека ЈСП Скопје не ни уплати средства за да можеме да ги вклучиме автобусите. Ние имаме информација дека Градот Скопје има уплатено 40 милиони денари токму за нас и ние ги чекаме тие пари. Значи ЈСП Скопје треба да ни ги префрли тие пари и автобусите веднаш ќе се вклучат – вели тој во изјавата.

Други средства за нафта и за тековно одржување на автобусите немаат, додава Зафировски.

Инаку, приватните превозници не возат веќе неколку дена, откако им заврши двегодишниот договор со Град Скопје и ЈСП – Скопје.

Нивното отсуство од скопските улици е евиднетно, со оглед на тоа што автобусите на Јавното градско сообраќајно претпријатие треба да ги прифатат сите патници, па глетката по постојките повторно е истата – метеж од луѓе што чекаат, а кога ќе дојде авотбус тој е веќе преполн.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еми Барух: Бугарија, 36 години од „големата екскурзија“ (ЕТНИЧКО ЧИСТЕЊЕ НА МУСЛИМАНИТЕ)

Следно

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК НЕ МОЖЕ ДА ИЗУМРЕ, НО КАКОВ ЌЕ БИДЕ ЗАВИСИ ОД НАШАТА ГРИЖА, РЕЧЕ ГРУЕВСКА-МАЏОСКА НА ПРОМОЦИЈАТА НА МАРКА ЗА 80-ГОДИШНИНАТА ОД КОДИФИКАЦИЈАТА

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop