Приватните превозници ќе функционираат преку три нови фирми откако „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ испаднаа од игра

March 6, 2023
3 mins read

Претставникот на приватните превозници соопшти и дека ќе има три нови фирми под кои ќе бидат организирани превозниците. Новите фирми соодвествуваат на трите пакети со линии на колку што е поделен огласот што денеска го распиша Град Скопје

Во врска со долгот од 1,5 милиони евра поради кој приватните превозници кон крајот на мината година излегоа на протести и ги блокираат раскрсниците на главниот град, Зафировски рече дека Град Скопје нема долг кон нив туку Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и побара ова прашање засега да биде ставено настрана

Приватните превозници се задоволни што е исполнет договорот со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и што е распишан нов јавен повик на кој планираат да се пријават сите превозници од приватниот сектор.

Ова денеска во изјава за медиумите го соопшти претставникот на приватните превозници Јовица Зафировски кој рече дека утре ќе ја подигнат тендерската документација и во предвидениот рок да се јават на огласот.

Јовица Зафировски, претставник на приватните превозници/Фото: Принтскрин

„Како што се договоривме претходно со градоначалничката Данела Арсовска така и е постапено. Значи, сите линии се поделени во три пакети, сите линии се објавени, сите ние ќе се вратиме на работа, сите 210 автобуси ќе бидат во функција, автобусите ќе бидат подеднакво поделени во сите три пакети. Ние сме многу задоволни што работите тргнаа во таа насока. Утре ќе ја подигнеме тендерската документација за овој јавен повик, ќе видиме што сè е потребно, ќе ја собереме документацијата и во предвидениот рок ќе ги доставиме документите за да учествуваме на тој јавен повик. Јавниот повик завршува на 21 март, понудите ќе се отвораат на 27 март и се надевам дека на почетокот на следниот месец ние ќе се вратиме на работа“,

рече Зафировски.

Претставникот на приватните превозници соопшти и дека ќе има три нови фирми под кои ќе бидат организирани превозниците. Новите фирми соодвествуваат на трите пакети со линии на колку што е поделен огласот што денеска го распиша Град Скопје.

Досегашните здруженија под чија капа работеа приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ немаат право да учествуваат на огласот, откако Град Скопје го раскина договорот со нив.

„Ќе има три носители на група, ќе има три нови фирми. Секоја фирма ќе си го раководи својот пакет. Пакетите се поделени по пет линии, само едниот пакет има шест линии. Значи, ќе има три нови фирми. ‘Слобода превоз’ и ‘Макекспрес’ немаа возачи. Ние ги вработувавме луѓето, a тие беа посредници во овој процес“,

изјави Зафировски одговарајќи на новинарско прашање.

Прашан за појаснување дали тоа значи дека приватните превозници ќе функционираат на ист начин како и претходно со таа разлика што наместо „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ сега ќе фигурираат нови правни субјекти, Зафировски со одговор:

„На некој начин да, но сега ќе бидат три помали фирми поделени во три пакети“

Во врска со долгот од 1,5 милиони евра поради кој приватните превозници кон крајот на мината година излегоа на протести и ги блокираат раскрсниците на главниот град, Зафировски рече дека Град Скопје нема долг кон нив туку Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и побара ова прашање засега да биде ставено на страна.

„Во однос на долгот ќе повторам уште еднаш. Долг кон нас Град Скопје нема. Има ЈСП и тоа ќе се решава тековно и би сакал тоа прашање сега да го оставиме настрана и да разговараме за некои други теми“,

изјави претставникот на приватните превозници.

Тој деманатираше и дека со градоначалничката на Скопје било договорено со каматата да им биде исплатена и камата.

„Одговорно тврдам дека такво нешто нема. Никој нема да биде оштетен. Не сакаме ние да земаме камата или нешто слично, само она што е наше. Повторувам, нема такво нешто“,

изјави Зафировски.

Тој посочи дека во периодот што следува приватните превозници во соработка со Град Скопје ќе работат на подобрување на возниот парк и замена на старите автобуси со нови.

„Сите тие постари автобуси ветуваме дека ќе ги замениме во догледен период за да може граѓаните да имаат подобар сервис“,

рече Зафировски.

Во тој контекст тој истакна дека приватните превозници во моментов располагаат со 25 еколошки автобуси и дека штом заврши постапката со јавниот оглас веднаш ќе ги вклучат и нив во јавниот превоз.

„Цената на метанот во моментов е доста добра и е на исто ниво со цената на дизел горивото така да ние се боревме да имаме што повеќе еколошки автобуси. Во моментов имаме 25 еколошки автобуси. Нема да чекаме, нормално, и тие ќе бидат вклучени“,

вели претставникот на приватните превозници.

И градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска со оптимизам го коментираше распишаниот нов јавен повик и во изјава за медиумите рече оти очекува по завршување на постапката Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и приватниците во скоро време повторно заеднички да го водат јавниот превоз во главниот град.

Договорот за новиот јавен повик, како што изјави денеска Арсовска одговарајќи на прашања на медиумите, е постигнат со новото координативно тело на приватните превозници откако, според неа, тие искажале подготвеност чесно, транспарентно и одговорно да ја вршат дејноста.

Воедно, покрај јавниот повик за приватните превозници, скопската градоначалничка рече дека со приватните превозници била договорена и заедничка работа во однос на еколошките стандарди на автобусите.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Олга Панкина со „женска“ литературна вечер во Москва

Следно

Воз претворен во привремено сместување за околу 1.000 преживеани од земјотресот во Хатај

Latest from Blog

Пленковиќ: Имав многу добар разговор со Трамп

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ имал телефонски разговор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кому му честитал за реизборот, објави премиерот на X. – Само што имав многу добар разговор со Доналд Трамп

НБА: Ванвлит казнет со 50.000 долари

Кошаркарот на Хјустон, Фред Ванвлит (30) е казнет со 50.000 долари поради непримерно однесување кон официјалните лица на натпреварот против Портланд, објави вечерва НБА лигата. Ванвлит доби техничка грешка во последните моменти

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Доне Таневски, најголемиот акционер во хотелската групација „Македонија турист“, го намали својот удел од 23,4% на 17,72%, по продажбата на 25.669 акции. Македонска берза ја потврди продажбата, при што Таневски сега поседува
Go toTop