Притисок врз директорката на ООУ „11-ти Октомври“ незаконски да запише дете избркано од повеќе училишта

December 2, 2024
1 min read

Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски без компас, врши притисок за запишување на дете избркано од повеќе училишта. Две инспекторки од Државниот просветен инспекторат наместо да иницираат систематско решавање на случајот со проблематичниот ученик, го продлабочуваат проблемот и вршат притисок врз директорката на ООУ „11-ти Октомври“ од Скопје да го запише детето.

Од она што е досега познато, поради лошото континуирано однесување на ученикот ден 16.10.2024 година ООУ Лазо Ангеловски од општина Аеродром со допис под број 03-434/1-1 и детални информации ја известува општина Аеродром дека се исрцпени сите можности за нормално присуство на ученикот по што истиот со согласност на просветните служби е префрлен на учење од далечина (online настава) до реализација на Одлуката за ПРЕМЕСТУВАЊЕ на сторителот во друго училиште согласно Упатството донесено од Министерството за образование и наука.

Спротивно на законските процедури, ООУ „Лазо Ангеловски“ од Аеродром не доставува никаква информација до ООУ „11-ти Октомври“ и дозволува постапката за испишување и запишување на ученикот да продолжи како редовна при што на овој начин вршат прикривање на докази и изигрување на системот.

По ваквите сознанија директорката на ООУ „11-ти Октомври“ со помош на родителите, а по претходно обезбедени докази ја повлече согласноста за прием на ученикот и го извести ООУ „Лазо Ангеловски“ и МОН за настанатиот проблем.

Инспекторките наместо да извршат точно детектирање на проблемот кој е настанат од страна ООУ „Лазо Ангеловски“ и таткото на ученикот кој дал невистинит исказ при интервјуто во новото училиште, и да ги информираат социјалните служби за трајно решавање на овој и други слични проблеми, сега вршат притисок врз директорката на ООУ „11-ти Октомври“ по секоја цена да го прими ученикот.

Родителите на учениците од ООУ „11-ти Октомври“ се едногласни дека нема да дозволат ученикот да биде запишан и проблемите да се префрлат на нов терен и стојат позади одлуката на директорката, во спротивно се спремни на радикализација преку бојкот на наставата.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пукање во Чаир, има повредени…

Следно

Експерт на ОН изрази загриженост поради неуспехот да се заштитат жртвите на трговија со луѓе на грчкиот остров Самос

Latest from Blog

Илјадници луѓе се собраа во Венеција протестирајќи против „Свадбата на годината“ на Безос и корпоративната експлоатација

СКОПЈЕ (АА) – Околу илјада луѓе излегоа на улиците на Венеција вчера, во знак на протест против раскошната свадба на Џеф Безос, известува Анадолу. Демонстрантите, носејќи транспаренти и знамиња, марширајќи до иконскиот

ВИДЕО: Судир на демонстрантите и полицијата и апсења на вчерашниот голем протест во Белград

Студентскиот протест наречен „Се гледаме на Видовдан“, кој вчера беше одржан во Белград, се претвори во бран на инциденти во центарот на главниот гра на Србија, откако демонстранстите се обиделе да се

Ѓоковиќ: Оваa ми е најдобра шанса да освојам грен слем оваа година

Следната недела почнува грен – слем турнирот Вимблдон. На грен слем турнирот во Англија ќе настапи и најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ. Пред турнирот, Србинот даде интервју за „Спортклуб“ во

Вучиќ прогласи победа на „студентите кои сакаат да учат“; Брнабиќ: Протестот на блокадерите заврши со повик за граѓанска војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во објава на Инстаграм од шаторот во Пионирски парк каде што седеше со „студенти кои сакаат да учат“ ја објави нивната победа. „Еве ме тука во Пионирски
Go toTop