Припадник на нарко- клан од Бар е екстрадиран од Уругвај во Црна Гора, оди директно во затвор

August 24, 2025
1 min read

По него е издадена меѓународна потерница од страна на НЦБ Интерпол Подгорица врз основа на наредба од Основниот суд во Бар, со цел да отслужи двегодишна затворска казна, пренесе Телеграф.

„Тој е осуден со пресуда за кривично дело неовластено производство, поседување и дистрибуција на наркотични дроги“, соопшти полицијата.

Ајдарпашиќ беше уапсен во Уругвај на 23 март 2023 година, за време на големата полициска акција „Виртус“, кога локалната национална полиција заплени повеќе од 1.200 килограми кокаин. Во тоа време беа уапсени десет лица, меѓу кои и двајца црногорски државјани – А. А. и С. Д., објави CdM.

По отслужувањето на казната во Уругвај, Ардијан Ајдарпашиќ беше повторно уапсен по меѓународна потерница и синоќа беше екстрадиран во Црна Гора.

Екстрадицијата ја извршија службеници на НЦБ Интерпол Подгорица, со помош на Специјалната полициска единица.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алегри по поразот од Кремонезе: Среќа што ова е прв меч!

Следно

Ѓорѓиевски за првпат инвестирање во секое населено место

Latest from Blog

Коњановски со финансиска поддршка за олимпискиот сон на Рустемовски

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски објави дека синоќа имаше чест заедно со секретарот на општината Борче Димитровски и претседателот на Советот Бојан Бојкоски да присуствува на манфестацијата „Спортисти на годината 2025“ на

Финансиска полиција со кривична против претседателот на РКЕ – Бислимовски тврди дека постапката за „Тритерол петрол“ е законска

Финансиската полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, под сомнение за злоупотреба на службената должност. Според соопштението, се сомничи дека го

Јаневска: Нашите ученици имаат 900 часови помалку од врсниците во ЕУ, ќе мора да ги задржиме повеќе во училиштата

Весна Јаневска, министерката за образование и наука вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 уште еднаш повтори дека македонските ученици до 15 години имаат 900 часа помалку од врсниците во ЕУ земјите. Таа

Трамп: Путин прифати седумдневен прекин на напади врз Киев поради студот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во четврток дека лидерот на Кремљ, Владимир Путин, се согласил да се воздржи од напади врз Киев и другите украински градови седум дена поради студеното зимско време,
Go toTop