Прилепскиот основен суд под лупа на ревизија на финансиското работење во 2023 година

July 4, 2025
1 min read

Прилепскиот основен суд во поголем дел не доби позитивно мислење во врска со финансиските извештаи за 2023, а со резерва е прифатена нивната усогласеност. Ова е констатирано по ревизијата на финансиските извештаи и ниваната усогласеност во оваа институција која доби осум препораки за отстранување на неусогласеностите. Според ревизорскиот извештај, на ваквите состојби големо влијание имаат и системските слабости.

Во ревизорскиот извештај, меѓу другото се набележани низа недоследности и неусогласености. Судот не вршел попис и усогласување на сметководствената со фактичката состојба на паричните средства и обврски по основ на судските депозити.

– Не е воспоставена сметководствена евиденција и нецелосни се податоците во апликацијата АКМИС за одземените парични средства и скапоцености и други одземени предмети (корпора деликти), а не е извршен нивни попис. Поради неводење евиденција во дневник, не е обезбеден целосен увид во состојбата и движењето на средствата на секој депозит по одделни предмети, нема целосен преглед на севкупното работење со средствата на депозитите од претходната година, а уплатените депозити за увиди на лице место со решение се исплатуваат на судија, записничар, возач и за гориво за службено возило, но не се донесени акти во кои е предвидено како се пресметува износот за гориво и трошоците за увид на лице место, стои, меѓу другото во ревизорскиот извештај.

Системските слабости во работатата на судовите придонесуваат за ваквите состојбите, зашто нема одредби за утврдување на платите на вработените во судовите кои вршат техички и помошни работи, различните услови за пополнување едно работно место во судовите предизвикуваат дилема,  не е пропишана формата и содржината на обрасците за водење судски депозити и постои неусогласеност на законската со подзаконската регулатива за утврдување сопственост на застарените депонирани предмети.

Како системска слабост се констатира фактот што Судската власт од Буџетот не ги добива законски предвидените 0,8 проценти од БДП, туку само 0,3 проценти.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Сè поагресивните политики на Израел го загрозуваат регионалниот мир

Следно

Галичка свадба 2025: Зурли, тапани и вековни мијачки обичаи од 11 до 13 јули

Latest from Blog

Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со KfW-предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

На средбата беше разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика. Се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на

Минчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми

Два пенали, две водства на „црвените ѓаволи“ и реми за крај

фото: Premier League (X) Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжија со просечни резултати на гостински терен во Премиерлигата, ремизирајќи 2:2 против Борнмут во првиот натпревар од 31-то коло. Почетокот на натпреварот на југот
Go toTop