Прилепчанецот кој пукаше во вработена во Центарот за социјални работи се сомничи за обид за убиство

March 25, 2025
1 min read

Прилепчанецот кој што вчера пукаше во вработена социјална работничка во Прилеп, ќе одговара за обид за убиство, но и за недозволено држење оружје . 

Како што информираат од Обвинителство, покрај тоа што се обидел да и го одземе животот на работничката, тој во опасност го довел и животот на другите вработени.

– Тој со умисла се обидел да ја лиши од живот една оштетена – социјален работник, а во опасност го довел и животот на уште тројца вработени во Центарот за социјални работи. Со оружје – пиштол марка „Берета“ модел 950 Б со калибар 6,35 мм, кој го поседувал без дозвола, тој започнал да пука кон жртвата, која се обидела да се скрие во една канцеларија. Со два куршуми ја погодил, при што со едниот проектил и нанесол површна рана во пределот на главата – аркадата, а со другиот и нанел прострелна влезно-излезна рана во пределот на десната страна од слабината.

Осомничениот, како што велат од Обвинителство, е претходно осудуван за кривични дела – телесна повреда, загрозување на сигурноста, демнење и други кривични дела. Против него во постапка се и други пријави, а во моментот издржувал мерка на безбедност – Задолжително лекување во психијатриска болница од каде избегал.

ПРАВДА НО И ЗАШТИТА НА ВРАБОТЕНИТ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНи работи побараа вработените на протест.

Тонско Марко Спиркоски, Центар за социјална работа

За осомничениот јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави и предлог за определување мерка притвор.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Возел со тројно поголема брзина во населено место – приведен 21-годишен возач

Следно

Првиот од пациентите кои се лекуваа во странство се врати во земјава, под опсервација е на Клиниката за токсикологија

Latest from Blog

Чуда се случуваат: Андора има клуб во главната фаза на КЛ, жртви се Ардијан Нухиу и Дрита!

фото: Federació Andorrana de Futbol @Fedandfut (X) Во Конференциската лига вечерва вистинско чудо направи Интер Ескалдес од Андора, кој на пенали успеа да го елиминира косовскиот преставник Дрита. По оние 2:2 на

Официјално: Трамп го смени името на езерото Онтарио, за инаeт на Канаѓаните (ВИДЕО)

Трамп ја потпиша наредбата во услови на зголемени трговски тензии меѓу САД и Канада, објави Ројтерс. Тој претходно изјави дека размислува за промена на името на големото езеро пред денеска да ја
Go toTop