Прилепчанец пронајден починат во паркот спроти плоштадот

January 15, 2024
1 min read

Во раните утрински часови, во паркот наспроти плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп, 42 годишен прилепчанец бил пронајден мртов. Во соопштението на СВР Битола стои дека безживотното тело на прилепчанецот било пронајдено вчера, во 06.58 часот, од Јавното комунално претпријатие „Комуналец“-Прилеп.

-Од комуналното претпријатие во полицијата било пријавено дека во паркот спроти Плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп бил пронајден починат Г.В.(42) од Прилеп. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, соопштуваат од МВР.

Оттаму додаваат дека по наредба на јавен обвинител телото на починатиот прилепчанец било дадено на обдукција.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бугарија бара национално малцинство и на Косово

Следно

И американската авијација вработува „шуто и сакато“

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop