Screenshot

Прилеп добива трговски центар со забавен парк – најави Проданоски

October 17, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави нов голем проект – изградба на современ трговски центар со забавен парк и паркинг простор во индустриската зона Металец.

„Прилеп заслужува нова енергија и нови можности. Со овој проект внесуваме свеж дух во градот и создадеме нова димензија на животот. Ова ќе биде место каде што ќе се сретнат бизнисот, забавата и семејниот живот“, изјави Проданоски.

Според него, со изградбата на трговскиот центар ќе се отворат нови работни места и ќе се поттикнат нови инвестиции што ќе имаат позитивен ефект врз локалната економија.

 

Проектот, како што најави, ќе биде реализиран во фазна динамика и ќе претставува нов урбан и економски пол на Прилеп.

Видеото може да го погледнете тука

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чоколадни мафини

Следно

Цената на златото расте, низ историјата се покажало дека тој тренд испраќа силен сигнал

Latest from Blog

Поплави и лизгање на земјиштето во Нов Зеланд, во тек е потрагата по исчезнати лица!

Службите за итни случаи на Нов Зеланд бараат неколку лица, вклучувајќи и едно дете, за кои се верува дека се водат како исчезнати откако лизгање на земјиштето погоди камп во планината Маунгануи.

Која е разликата меѓу обичен и грчки јогурт?

Иако изгледаат слично, обичниот и грчкиот јогурт имаат значителни разлики во протеините и нивниот ефект врз варењето на храната. Дознајте кој е подобар избор за вашата исхрана и чувство на ситост. Главната

Групација за производство на цигари при Стопанската комора: Предложениот закон за заштита од пушење сериозно ќе загрози значајни сегменти од индустријата, бизнис секторот и економијата

Групацијата за производство на цигари, која е дел од Здружението на производители на тутун и производи од тутун во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија, ја поздрави  иницијативата на  Министерството за

Божиновска: Македонија го модернизира енергетскиот пазар по европски стандарди

Со потпишување на договорот меѓу Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје и словенечката енергетска берза БСП, официјално започна имплементацијата на пазарот во тековниот ден (Intraday Market), со

Јелена Карлеуша го пријави Душко Тошиќ: Провалил во нејзиниот стан каде што живее со ќерките, пристигнала полицијата

Полицијата пристигнала во Дедиње, а според информациите на српски „Курир“, по околу дваесет минути, Душко Тошиќ наводно ја напуштил куќата во придружба на двајца униформирани полицајци. Откако го забележал присуството на медиумите, наводно
Go toTop