При тепачка во судскиот оддел во психијатриската болница во Скопје со стаклено шише убиен еден осуденик

August 5, 2025
1 min read

Од ударите со стаклено шише починал 62-годишен неготинец кој бил дел од тепачка во судскиот оддел на Психијатарската болница во Бардовци. Го убил друг затвореник, информираше Министерството за внатрешни работи.

Починатиот бил осуден за убиство, додека убиецот одлежувал казна за семејно насилство.

– На 05.08.2025 во 01:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во Бардовци, во соба на судскиот оддел, настанала физичка пресметка помеѓу осудениците Д.С.(35) од Неготино и И.Т.(62) од с.Љубанци, скопско. Притоа, од ударите со стаклено шише И.С. паднал во бесознание, по што бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што во 02.20 часот починал, извести МВР.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Д.С. е задржан во собата каде се случил настанот. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Белгија ја поддржува суспензијата на Израел од европската програма за истражување „Хоризонт Европа“

Следно

ВИДЕО: Српски министер доживеа мозочен удар во емисија во живо, итно опериран и во тешка состојба

Latest from Blog

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

СДС е „кукла на конци“ под диктат на Заев, со пропадната ПР стратегија од Башановиќ и Шчекиќ, Филипче е без кредибилитет и ја води партијата кон исчезнување

СДС како партија е „кукла на конци“, која се движи според агенда поставена од други, наместо од сопственото членство или јавностa, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Сали во посета на студентскиот дом „Пелагонија“: разговарано за итната потреба од подобрување на стандардот и условите за сместување

Денес, Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија, заедно со заменик-министерот за образование, Дритон Сулејмани, реализираа посета на студентскиот дом „Пелагонија“. За време на посетата, тие одблиску се запознаа со условите
Go toTop