При сообраќајка пронајдено оружје во автомобил, истрага против две лица

October 12, 2023
1 min read

реклама

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против еден косовски и еден македонски државјанин, кои се осомничени за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Двајцата, во патничко возило „Фиат браво“ со косовски регистарски ознаки, неовластено држеле пиштол марка „Црвена застава“ со една рамка во која имало 4 куршуми со калибар 6.35 мм, како и пиштол „ЕRМА WERKE“. Оружјето било пронајдено на 10 октомври кога двајцата осомничени со возилото учествувале во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово-Јажинце. Во несреќата возилото излетало од патот и се превртело, осомничните со телесни повреди биле пренесени во болница, а при извршениот увид полициските службеници го пронашле оружјето во возилото.

реклама

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Тетово поднесе предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Судијата го прифати предлогот и им определи притвор во траење од по 30 дена.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Неспособната политика на ДУИ и СДС доведе до ситуација да се зголемува сиромаштијата и граѓаните да се борат како да го поминат месецот

Следно

САД ќе ја врзува помошта за Украина со помош за Израел?

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop