Презентација на Годишен извештај за работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2024 година

April 16, 2025
1 min read

 Во Скопје денеска ќе биде презентиран Годишниот извештај за работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) за 2024 година. 

Од КСЗД соопштија дека на презентацијата ќе бидат претставени клучните наоди, активности и препораки од годишниот извештај, како и постигнувањата и предизвиците во спроведувањето на политиките за еднаквост и недискриминација во Република Северна Македонија.

На презентацијата од Комисијата се најавени воведни обраќања од Лимко Бејзароски, претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Африм Гаши, претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Димитар Апасиев, претседател на собраниската Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот и Рита Колумбија, постојан координатор на Обединетите Нации во Северна Македонија.

Презентација на наодите од Годишниот извештај на КСЗД ќе ја одржат Игор Јадровски  и Флора Кадриу, членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Флик: Борусија ни го загорчи животот, но заслуживме полуфинале

Следно

Се уште трае блокадата на РТС во Белград, со помош на полицијата утрово внесени дел вработени во медиумот

Latest from Blog

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ
Go toTop