Претставничкиот дом на САД одобри нов пакет помош од 300 милиони долари за Украина

September 29, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави (САД) одобри предлог-закон за нов пакет помош од 300 милиони долари за Украина, јавува Анадолу.

Претставничкиот дом гласаше за предлог-законот за кој се издвоени средства од буџетот на Пентагон.

На гласањето доцна синоќа, предлог-законот е одобрен со 311 гласови „за“ наспроти 117 гласа „против“.

Вклучувањето на помошта за Украина во буџетот на Пентагон за 2024 година предизвика тензии меѓу републиканците и демократите.

Претставничкиот дом го одобри буџетот од 826 милијарди долари за Пентагон, откако помошта за Украина беше тргната од пакетот.

Домот го одобри и буџетот за Стејт департментот.

Американската Влада се соочува со закана од прекин на работата поради буџетските несогласувања меѓу републиканците и демократите.

– Што значи „блокада (запирање) на работата на Владата?“ –

Според американските закони, доколку Конгресот не може навремено да го одобри буџетот за целата фискална година, која започнува на 1 октомври, а завршува на 30 септември, периодот до неговото одобрение мора да биде покриен со привремени буџети.

За време на периодите кога привремениот буџет не е одобрен, федералната влада го губи овластувањето за трошење средства и мора да ги прекине сите активности со исклучок на основните.

За време на овој процес, владините службеници од неесенцијалниот сектор се ставаат на задолжително отсуство, додека есенцијалниот персонал, меѓу кој американската војска, разузнавачките агенции, лекарите и медицинските сестри кои работат во државните болници, аеродромите и персоналот за безбедност на затворите и други продолжуваат да ги извршуваат своите задачи. Овој „персонал од есенцијалниот сектор“ обично не ја добива својата плата за време на периодите на блокада на Владата сѐ додека Конгресот не донесе нов буџет.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Потврдено: Мизрахи на чело на Анкетната комисија за Онкологија

Следно

ЈСП: Од 1. октомври жичарницата ќе работи од 10 до 18 часот

Latest from Blog

Ги знае ли некој овие играчи: Ова е составот на Италија за пријателските!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/NazionaleCalcio/ Привремениот селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Силвио Балдини, објави практично нов состав за претстојните пријателски натпревари против Луксембург и Грција. Веста официјално ја објави Италијанската фудбалска федерација (FIGC). Селекцијата е преполна

Тројца загинале во Уганда- се судриле со слон

Полицијата соопшти дека уште четири лица се повредени во несреќата, што се случила во Националниот парк Мерчисон Фолс на северозападниот дел од земјата во недела навечер. Седум службеници на Управата за приходи

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop