Претседателски кандидати ветуваат нешта кои не им се надлежност

April 9, 2024
1 min read

По шест дена од изборната кампања за претседателските избори, евроинтеграцијата и надворешната политика се дел од главните теми во излагањата на кандидатите. Оние кои се поддржани од владејачките партии ветуваат уставни измени и отворање на прегорарачките поглавја. Дел од опозициските кандидати пак, најавуваат уставни измени со одложена примена, додека пак трети порачаа дека нема да поддржат промена на уставот. Сепак, дел од експертите велат дека кандидатите за претседател не се држат до своите надлежности во надворешната политика.

„Претседателските кандидати мислам дека излегуваат многу надвор од нивните надлежности, особено во креирањето на надворешната политика и даваат ветувања кои реално не се остварливи, заради тоа што не се во нивна надлежност. Мешаат надлежности на законодавниот дом“, вели Синиша Пекевски – политолог.

Политичкиот аналитичар Пекевски оценува дека дел од ветувањата се небулозни. Па така, освен плановите што кандидатите ги имаат околу прашањето за уставните измени, тој вели дека еден шеф на држава не е во можност да раскине билатерален договор, освен ако за тоа нема поддршка во Собранието. Такво ветување досега имаше за Договорот за добрососедство со Бугарија.

„Едноставно не е возможно да се раскине тој Договор, туку можеме, доколку најдеме соодветен партнер во Бугарија во политичките партии, да се креира нов Договор, во кој ќе се изменат некои ставки и членови, кои ќе бидат подобри и за двете страни, заради тоа што треба да се градат добрососедски односи“, додава Пекевски.

Според Пекевски, сепак, претседателот е влијателен во креирањето на надворешната политика и се вреднува неговиот глас. Тој вели дека оваа политичка фигура има значаен придонес за креирањето на сликата за Македонија во светот.

Лука Андреев

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УЖАС: Фудбалерка убиена од сопругот кој потоа се самоубил – хорор пред очите на децата

Следно

Во Албанија продолжува падот на инфлацијата

Latest from Blog

ЕУ се премисли во врска со забраната за бензински и дизел мотори

Германија слави победа за своите производители на автомобили откако Европската комисија ја олесни планираната забрана за мотори со внатрешно согорување до 2035 година. Сепак, промената на политиката би можела да се покаже

Во Владата на состанок разгледани тековните приоритети од Реформската агенда

Во Владата денеска се одржал состанок за тековните приоритети од Реформската агенда. -Денеска одржавме неделен состанок на тема реформска агенда. На состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните

КАКО БИ САКАЛЕ ДА УМРЕТЕ?! Праша Reddit а одговите се… богами има и креативни

Неодамна на популарната социјална мрежа Reddit се појави прашање кое ги прави повеќето луѓе да се чувствуваат непријатно, но Србите покажаа неверојатен спектар на емоции преку своите одговори – од длабока поезија

Мистериозна ЖЕНА БО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат
Go toTop