Претседателски избори во Романија

May 5, 2025
1 min read

Џорџе Симион, опозицискиот ултрадесничар и т.н. романски Доналд Трамп, обезбеди учество во вториот круг од претседателските избори,  откако вчера се одржа првиот круг поради тоа што уставниот суд  го поништи првото гласање во ноември поради наводно руско влијание на изборите.

На првиот круг од изборите исполнет со обвинувања, сајбер напади, помали нерегуларности и страв од конечниот исход, Џорџе Симион освои речиси 40 отсто од гласовите пред градоначалникот на Букурешт Никушор Дан, прогресивно-либерален незавизен политичар, кој освои  околу 21 отсто од гласовите. За Брисел ова е нов студен туш, а за Симион е победа на романското достоинство

„Денес проговори романскиот народ. Време е да се биде силен. Ова се повеќе од избори. Ова е чин на храброст, доверба и солидарност. Ова не е само изборна победа. Ова е победа на романското достоинство.“ – Џорџе Симион кандидат за претседател на Романија.

Градоначалникот на Букурешт Никушор Дан, независен кандидат за нов претседател на Романија, оцени дека вториот круг од гласањето, во кој за две недели ќе се соочи со лидерот на Алијансата за обединување на Романците  Џорџе Симион, ќе биде тежок, но изрази оптимизам дека ќе победи и дека Романија ќе тргне по пат ориентиран кон Запад.

„На повидок е тежок втор круг со изолационистички претседател. Тоа нема да биде дебата меѓу поединци, туку дебата меѓу прозападно насочување за Романија и антизападен правец. За тоа ќе се зборува во вториот круг. Наша задача е да ги убедиме Романците дека им е потребен прозападен правец и на тоа ќе се фокусира нашата кампања во следните две недели.“ – Никушор Дан кандидат за претседател на Романија.

Победата на Симион, според политичките аналитичари, би можела да ја изолира земјата, да ги наруши приватните инвестиции и да го дестабилизра источното крило на НАТО во услови на тригодишната војна меѓу Русија и Украина. Симион се противи на воената помош за соседна Украина, критичар е на Брисел и ја поддржува политиката на Трамп.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија одбележува 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик

Следно

АКТЕРИТЕ СОЊА МИХАЈЛОВА, СНЕЖАНА КОНЕСКА-РУСИ И ГОЦЕ ТОДОРОВСКИ НАГРАДЕНИ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ОД ФЕСТИВАЛОТ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства
Go toTop