Претседателот Стуб: Финска планира да се откаже од договорот за нагазни мини

April 1, 2025
1 min read

АТИНА (АА) – Финска планира да се повлече од Конвенцијата од Отава која ги забранува нагазните мини, соопшти денес претседателот на земјата, Александар Стуб, јавува Анадолу.

Истакнувајќи дека Владата, во услови на безбедносното опкружување на земјата, денес донела две големи одлуки, Стуб преку платформата Х рече: „Прво, Финска ќе ги зголеми издвојувањата за одбрана на 3 отсто од БДП до 2029 година“.

Исто така, во согласност со темелната проценка на релевантните министерства и финските одбранбени сили, тој додаде: „Финска ќе се подготви за повлекување од Конвенцијата од Отава“.

„Финска секогаш ќе остане одговорен актер во светот, чувајќи ја својата безбедност и одбрана“, додаде Стуб.

Најавата на Финска дојде откако четири земји од НАТО – Естонија, Летонија, Литванија и Полска – сигнализираа намера за повлекување од договорот поради тековната руска војна.

Конвенцијата од 1997 година, позната и како Договорот од Отава, забранува набавка, производство, складирање, пренос и употреба на противпешадиски нагазни мини.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Исчезна 14-годишно девојче во Скопје

Следно

Министерот Ристовски го поздрави обединувањето на македонското пливање

Latest from Blog

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од

Доцнат хонорари, се кратат часови за лична асистенција, а лицата со попреченост остануваат без соодветна поддршка

Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат

Хаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!

ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/ Германија во пријателски меч вечерва во Штутгарт, успеа да ја победи Гана со 2:1. Стрелци на головите беа Хаверц од пенал и Ундав, додека за гостите стрелаше Фатаву. Натпреварот на „MHPArena“
Go toTop