Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски на Подготвителниот состанок

February 28, 2025
1 min read

Денеска започна со работа Подготвителниот состанок на Кругот на Претседатели на Европската конференција на уставните судови што се одржува во Тирана. На Подготвителниот состанок на кој учествува претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, д-р Дарко Костадиновски, на Агендата се повеќе точки меѓу кои и темата за XX-от Конгрес, подготвителните аспекти за Конгресот, предлози на земјите членки и тн.

Во првиот дел од Подготвителниот состанок, по одржаното гласање, со 25 гласа „за“, 4 „против“ и 2 „воздржани“, Уставниот суд на Косово беше примен за членка на Европската конференција на уставните судови.

Претседателот Костадиновски на средечната средба со неговиот колега Г. Неџми Реџепи му го честита членството и му посака успех и воедно беа разменети мислења и информации за натамошната билатерална соработка на двата суда, но и за соработката во рамките на Балканскиот форум и Европската конференција на уставни судови.

Беше утврдена и темата за XX-от Конгрес кој ќе се одржи во мај 2027 година во Албанија, каде европските судови ќе дискутираат на темата: „Одбрана на демократијата, слободата на изразувањето, социјалните медиуми и лажните вести“.

Подготвителниот состанок продолжува со работа.

Претседателот Костадиновски на маргините на овој состанок ќе одржи и билатерални средби со своите колеги од повеќе земји.

На Подготвителниот состанок што се одржува во Тирана учествуваат 34 суда од вкупно 40. На состанокот учествуваат: судијата на Федералниот Уставен суд на Германија, г-ѓа Инес Хартел, судијата Уставниот совет на Франција, г.Корин Луквиенс, претседателот на Уставниот суд на Италија, г. Џовани Аморосо, претседателот на Уставниот суд на Австрија, г. Кристоф Грабенвартер, претседателот на Уставниот суд на Белгија, г.Лук Лаврисен, Шефот за надворешни работи на Врховниот суд на Холандија, претседателот на Уставниот суд на Туркије, г.Кадир Озкаја, судијата на Уставниот трибунал на Шпанија, г-ѓа Лаура Диез Буесо, претседателот на Уставниот трибунал на Полска, г. Богдан Швиецковски и др.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УЕФА го казни Реал Мадрид поради дискриминаторско однесување на навивачите

Следно

Претседателката разговараше со претставниците на Националната Алијанса за ретки болести на РМ

Latest from Blog

Хутите ѝ се закануваат на светската економија- зошто западните земји не ѝ понагаат на Саудиска Арабија?

Исто така, го поставува прашањето зошто Западот не прави повеќе за да ги поддржи своите саудиски сојузници, објави британски Телеграф во авторски коментар. Нападите на Хутите се закануваат да предизвикаат уште поголеми

Трамп испраќа војска во Панама

САД испраќаат неколку стотици војници во Латинска Америка за обука на локалните сили и спроведување заеднички вежби, додека Пентагон ја проширува својата кампања против трговците со дрога во регионот, објави „Њујорк тајмс“,

Гаштаров асистираше за гол но Црвена ѕвезда прокоцка водство и загуби кај Лугано на Алиоски (Видео)

Новопечениот македонски репрезентативец, тинејџерот Матеј Гаштаров одигра одличен меч, но неговата Црвена ѕвезда загуби на гостувањето кај Лугано, во првото коло од Конферекциската лига на УЕФА. Лугано водеше со 1:0, потоа гостите

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и

Берзански промет од 11,4 милиони денари, најголем интерес за Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.056,22 поени. Во однос
Go toTop