Претседателот на Турција, Ердоган, пристигна во Унгарија

May 21, 2025
1 min read

БУДИМПЕШТА (АА) – Претседателот Реџеп Таип Ердоган пристигна во унгарската престолнина Будимпешта со специјалниот авион „ТУР“ за да присуствува на неформалниот Самит на Организацијата на туркиски земји (ОТС), известува Анадолу.

Ердоган беше пречекан од унгарскиот министер за градежништво и транспорт, Јанош Лазар, генералниот директор на протоколот, Анет Варга, амбасадорот на Унгарија во Анкара, Виктор Матис, амбасадорката на Турција во Будимпешта, Ѓулшен Каранис Екшиоглу, и нејзиниот сопруг Екрем Екшиоглу, како и од персоналот на Амбасадата.

Претседателот Ердоган во Унгарија го придружуваат неговата сопруга Емине Ердоган, директорот за комуникации на турското Претседателство, Фахретин Алтун, и советникот на претседателот за надворешна политика и безбедност, Акиф Чагатај Килич.

Турскиот претседател во Будимпешта се очекува да учествува на состанокот на Советот на шефови на државите на ОТС во рамките на Самитот во Будимпешта, што ќе се одржи на тема „Точка на средба на Истокот и Западот“, каде е предвидено да оствари билатерални контакти со домаќинот, унгарскиот премиер Виктор Орбан, и со шефовите на држави и влади кои учествуваат на Самитот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Премиум Џекпотот со фантастичниот Мерцедес АМГ е во зона на паѓање

Следно

Шок за Реал Мадрид: Белингем мора на операција

Latest from Blog

РУСИЈА РАСПОРЕДУВА ВОЈНИЦИ НА ФИНСКАТА ГРАНИЦА

Финска, членка на НАТО, е еден вид сеизмограф за воените планови на Москва кон Западот, а најновите настани во близина на границата на двете земји предизвикуваат загриженост. Границата долга повеќе од 1.300

Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни работи

Поради изведување градежни активности за изградба на улицата „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“), од денеска ќе биде воведен времен изменет режим на сообраќај во Општина Чаир. Како што информираат од ГД „Гранит“

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци

Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината на Венецуела,

Минчев: Крај на партизацијата, законот за висока раководна служба воведува мерит-систем

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Дневникот на Сител телевизија, појасни дека станува збор за

Драган Ковачки – од армиски офицер и воен разузнавач до прв оперативец на ВМРО

Ковачки бил долгогодишен армиски офицер, кој извршувал разни должности во воената служба за безбедност. Тој ги отфрла обвинувањата на опозицијата дека дезертирал и дека не добил НАТО безбедносен сертификат поради контакти со
Go toTop