Претседателот на турскиот Парламент: Крвта на Ајшенур Ејги е света како и крвта на секој убиен Палестинец

September 14, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на турскиот Парламент, Нуман Куртулмуш, денес го посети семејството на убиената турско-американската активистка Ајшенур Езги Ејги за да изрази сочувство за нивната загуба, јавува Анадолу.

„Крвта на Ајшенур Ејги е подеднакво света како крвта на секој убиен Палестинец. Ние ќе го следиме нејзиниот случај до крај“, им кажа Куртулмуш на нејзиното ужалено семејство, роднини и пријатели.

Семејството на Ејги, кое живее во крајбрежниот град Дидим, Туркије, ја оплакува својата ќерка, која беше смртно застрелана од израелските сили на 6 септември додека протестираше против илегалните еврејски населби на Западниот Брег.

Пред нејзината смрт, Ејги отпатувала на Западниот Брег за да го поддржи палестинскиот отпор против израелската окупација, според извештаите на Меѓународното движење за солидарност.

На 3 септември, Ејги отишла да набљудува протест во градот Бејта во Наблус, и да застане против илегалните еврејски населби таму.

Движењето објави дека на 6 септември Ејги била намерно земена за цел и убиена од израелски снајперист позициониран на блискиот покрив.

Очевидци изјавија дека кога била застрелана од снајперистот, Ејги била далеку од зоната на протестите. Таа беше пренесена во палестинска болница, но и покрај максималните напори на лекарите не можеше да се спаси.

Ејги, родена во турскиот медитерански град Анталија во 1998 година, студираше психологија и јазици и култури од Блискиот Исток на Универзитетот Вашингтон во Сиетл, во северозападниот дел на САД.

Таа дипломираше овој јуни и беше добро позната по нејзината посветеност на активизмот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

„Леле луѓе што направивме“ – поминаа 13 години од тројката на Владо Илиевски (ВИДЕО)

Следно

Падна снег во Босна и Херцеговина

Latest from Blog

САКАЛ ДА СЕ БАЊА ВО БАЗЕН, ПА СЕГА ПЛИВА ВО ЗЛАТО Французин во својот двор открил златни прачки и монети

Французин открил богатство вредно речиси 700.000 евра додека копал базен во својата градина, а властите му дозволиле да остена кај него бидејќи оцениле дека е легално стекнато. Тој пронашол „5 златни прачки

Почина „Живата Барбика“ – поминала низ 27 операции за да личи на славната кукла (ФОТО)

Веста за нејзината смрт ги шокира милионите луѓе низ целиот свет, особено нејзините следбеници кои со години ја следеа нејзината трансформација и јавниот живот. Според странските медиуми, полицијата започнала истрага за околностите

За ЕУ интеграцијата на Западен Балкан на средбите на Калас со Мицотакис и Герапетритис во Атина

Ако ја погледнеме мапата, ова е местото каде што припаѓаат. И треба да си ја завршиме домашната задача, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас по

Белингам се врати во репрезентацијата на Англија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел ќе го врати Џуд Белигнам во националниот тим за претстојниот квалификациски прозорец. Белингам беше изоставен од составот минатиот месец, а Тухел инсистираше дека играчот
Go toTop