Претседателот на Туркије, Ердоган, денес ќе ја посети Грција

December 7, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денес ќе престојува во еднодневна посета на Грција, каде што во Атина ќе разговара за билатералните односи и за регионалните прашања, известува Анадолу.

Ердоган и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе бидат копретседавачи на петтиот состанок на Советот за соработка на високо ниво на Туркије и Грција, на кој ќе се разгледаат сите аспекти на билатералните односи и ќе се дискутира за чекорите за унапредување на соработката, се вели во соопштението на Дирекцијата за комуникации при Претседателството на Туркије.

На дневен ред на разговорите ќе бидат и регионалниот и меѓународниот развој.

„Во рамките на посетата се очекува и потпишување на различни договори и меморандуми за разбирање, кои би ја зацврстиле основата на билатералните односи“, се додава во соопштението.

Туркије и Грција доживеаја бурни односи низ годините. Иако во 2021 година дојде до одредени подобрувања, неколку прашања остануваат нерешени меѓу двете соседни земји.

​​​​​​​Туркије, членка на НАТО повеќе од 70 години, протестираше поради повторните провокативни акции и реторики од страна на Грција во регионот, вклучувајќи го и вооружувањето на островите во близина на турската граница кои се демилитаризирани според долгогодишните договори, наведувајќи дека таквите чекори ги попречуваат напорите во добрата намера за мир.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од март власта нема да смее да гради автопати, училишта и градинки, кои и онака не ги гради

Следно

Русија тврди дека ги соборила украинските борбени авиони Су-25 и Миг-29

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop