Претседателот на Албанија го потпиша законот за амнестија, со кој ќе бидат опфатени и лица осудени за корупција

April 9, 2024
1 min read

При донесувањето на законот министерот за правда Улси Мања рече дека корист ќе имаат 1100 затвореници, при што 700 ќе бидат ослободени веднаш, а на останатите 400 ќе им биде намалена казна.

Во исто време на 2.700 лица ќе им биде укината условната казна.

– Тврдењата дека со амнестијата нема да бидат опфатени лица осудени за корупција, неколку членови на законот го потврдуваат спротивното. Во член 244 и 245 стои дека намалување на казната ќе има и за лица вршители на јавни функции осудени за активна корупција, како и за активна корупција на високи државни функционери или локални избраници, наведува Топ чанел.

Се смета дека ова го потврдува тврдењето на официјалниот лидер на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, дека има некаков таен договор меѓу владејачките социјалисти и опозициските демократи-приврзаници на Сали Бериша. Баша и десетте пратеници кои се негови поддржувачи излегоа од сала и не гласаа за законот.

Инаку, со законот ќе бидат опфатени осуденици мажи кои имаат помалку од 4 години од затворската казна, жени и малолетни лица кои им останува уште 5 години од казната. Амнестијата важи за жените над 50, мажите над 60 и лицата под 18- годишна возраст.

Во Албанија последната амнестија беше онаа од 2020 година, кога беа опфатени 170 затвореници.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Слаб промет за Бајрам, лани ред се чекаше, а годинава…

Следно

Силјановска Давкова за ТВ 24: Формулацијата 20% за албанскиот јазик не треба да се менува

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop