Претседателот Ердоган утре ќе отпатува во Албанија

May 15, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Директорот на Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство, Фахретин Алтун, објави дека претседателот Реџеп Таип Ердоган утре ќе отпатува во Албанија за да присуствува на Шестиот самит на Европската политичка заедница, известува Анадолу.

Алтун во соопштението што го објави на својот профил на социјалните мрежи, наведе дека претседателот Ердоган утре ќе ја посети Тирана за да присуствува на Шестиот самит на Европската политичка заедница, чиј домаќин ќе биде Албанија.

Истакнувајќи дека на Самитот ќе присуствуваат шефовите на држави и влади на земјите кандидати и членки на Европската Унија (ЕУ), други европски земји, како и лидерите на институциите на ЕУ и генералните секретари на НАТО, ОБСЕ и Советот на Европа, Алтун го наведе следното:

„Нашиот претседател ќе се обрати на главната сесија на Самитот што ќе се одржи на темата ‘Нова Европа во нов свет: Единство – Соработка – Заедничка акција“. Предвидено е нашиот претседател да размени мислења за мирно решавање на регионалните и глобалните конфликти и прашања поврзани со безбедноста, стабилноста и просперитетот на Европа за време на контактите што ќе ги одржи со своите европски колеги во рамките на Самитот.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија ги дозна ривалите на ЕП – еве против кого и каде ќе игра!

Следно

Том Круз во Кан емотивно го одјави своето натамошно учество во „Невозможна мисија“

Latest from Blog

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Мерката и бројките што ги промовира Владата не се ништо друго освен фрлање песок во очите на граѓаните, нагласи заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашните вести на МРТ. Каранфилова

Покетино:„Ми недостига Англија и фудбалот во Премиерлигата!“

ФОТО:.facebook.com/officialussoccer Во последните денови,селекторот на САД, Маурицио Покетино, беше поврзуван со менаџерски позиции во Тотенхем и Манчестер Јунајтед. Тој призна дека му недостига фудбалот во Премиер лигата. Аргентинецот досега раководел со три
Go toTop