Претседателката Сиљановска ги посети повредените од пожарот кои се лекуваат во Софија

April 3, 2025
1 min read

Во Софија денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги посети повредените од пожарот во Кочани, кои се лекуваат во болницата „Пирогов“.

Во Бугарија вкупно се наоѓаат 14 пациенти, од кои девет се во болницата „Пирогов“, сите се екстубирани и оперирани, кај некои е извршена трансплантација на кожа. Една пациентка се лекува амбулантски со преврски.

Пациентите имаат психолошка поддршка и кај сите се продолжува со третман на изгорениците.

Тројца пациенти се хоспитализирани во Военомедицинскиот центар во Варна во добра општа состојба и во болницата „Св Ѓорѓи“ во Пловдив е хоспитализиран еден пациент.

Сиљановска-Давкова денеска и утре престојува во работна посета на Бугарија, каде што ќе учествува на состанокот на шефови на држави и влади на „Акаба Процес Балкан III“ во Софија.

Посетата се реализира на покана на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори.

Македонската претседателка ќе говори на првата сесија од состанокот насловена „Идентификување и разбирање на заканите“.

За време на посетата, предвидени се и билатерални средби на претседателката Сиљановска-Давкова со шефот на бугарската држава Румен Радев и со кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Паметник на Пониква и Спомен-парк во Кочани за жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“

Следно

Италија: Вулканот Етна исфрла пепел и лава

Latest from Blog

Николоски: Се гради првото туристичко езеро на истокот – Отиња веќе 70% готова (ВИДЕО)

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски објави дека изградбата на браната Отиња е реализирана во 70 проценти, што претставува значаен чекор кон создавање на првото туристичко вештачко езеро во

Аврамовски: „Судењето за Кочани станува неефикасно поради законските измени“

Извршниот директор на Коалицијата „Сите за правично судење“, Дарко Аврамовски, во интервју за РСЕ, оценува дека случајот со трагедијата во Кочани е „колатерална штета“ од измените на Кривичниот законик. Тој посочува дека

Маглешов: Две теории за ист случај од едно Обвинителство, време е за навремена ревизија

Единственото Јавно обвинителство во државата, како самостоен орган, излегува со две потполно различни правни теории за одговорноста во истиот случај. Ова го истакнува новинарот на Призма (БИРН), Васко Маглешов, предупредувајќи на сериозни
Go toTop