Претседателката Сиљановска-Давкова разговараше со членовите на НУ Камерен Оркестар на Битола

February 21, 2025
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со членовите на НУ Камерен Оркестар на Битола: в.д директорот Дејан Цветковски, диригентот и основачот Владимир Димовски, виолинистот Никола Трајановски и виолончелистот Љупчо Милевски.

Во фокусот на разговорот беа успесите, проблемите и предизвиците со коишто се соочува оркестарот.

Соговорниците ја запознаа претседателката со нивната четиридецениска музичка приказна, којашто по кус прекин продолжија да ја пишуваат во 2013 година.

Со љубов зборуваа за бројните настапи низ годините, за разновидниот репертоар, за соработката со истакнати домашни и странски уметници, за младите таленти, за успешните концерти.

Претседателката им изрази почит за професионалноста и страсната посветеност, за видливите резултати, значајни не само за Битола и битолската публика, туку и пошироко.

Евоцирајќи незаборавни музички моменти со нив, претседателката ја истакна важноста на инвестирањето во музичката култура и нејзиното позитивно влијание врз духовното здравје на луѓето и државата.

Таа во нив препознава врвни уметници, а во нивната музика силна инспирација за генерациите.

Гостите ги споделија со претседателката, не само убавите, туку и тешките моменти во музичкиот живот, главно од финансиска природа заради скромниот буџет на институцијата.

Претседателката укажа на важноста од опстојување на овој реномиран оркестар, единствен надвор од главниот град, потенцирајќи дека музичкиот ентузијазам има потреба од финансиски стимул.

Успешното учество на овој оркестар на бројни реномирани фестивали за класична музика низ Европа, како и одличната обработка на македонската изворна музика ја докажува битолската традиција на негување на уметноста, како и македонскиот непресушен музички талент.

За претседателката ќе остане незаборавен нивниот настап во Рим за време на чествувањето на денот на Св. Кирил и Методиј.

И Битола, и битолската публика, и публиката од регионот имаат насушна потреба од НУ Камерниот оркестар.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чешката скијачка Тереза Нова веќе не е во кома

Следно

Јавна трибина за „Безбеден град“

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се
Go toTop