Претседателката Сиљановска-Давкова ги достави предлозите за двајца членови на Судскиот совет до Собранието

January 9, 2026
1 min read

Во Собранието се доставени материјалите за избор на Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ за членови на Судскиот совет на Република Македонија на предлог на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Арлинда Кадри-Шахиновиќ е универзитетска професорка со долгогодишна академска кариера на Факултетот за правни и политички науки при ФОН и МИТ Универзитет, а во јавноста е позната и како поранешен член на Комисијата за помилување. Сузана Јошевска-Анастасовска е адвокатка со повеќегодишна пракса, особено во кривични предмети.

Предлозите следат по усвојувањето на новиот Закон за Судскиот совет на 29 декември, кој носи измени за зголемување на транспарентноста и отчетноста, јавност во постапките, прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“ и зајакнување на дисциплинската одговорност на членовите.

Судскиот совет брои 15 членови од кои осум ги избираат судиите, тројца Собранието, двајца ги предлага претседателот на државата, а двајца се членови по функција – претседателот на Врховниот суд и министерот за правда, без право на глас.

Се очекува предлозите на претседателката да влезат во собраниска процедура од понеделник.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Готово е: Сака во Арсенал до 2031!

Следно

САД запленија нов танкер во Карибите, петти по ред

Latest from Blog

Вработените во Белата куќа се предупредени да не користат привилегирани информации за да се обложуваат

Е-маил бил испратена на 24 март, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави петдневно одложување на неговата закана за напад врз енергетските објекти и инфраструктурата на Иран. Во мејлот се споменуваат

Автобусите ќе возат по посебен возен ред до понеделник – ЈСП сподели важни информации за начинот на работа за празничниот период

По повод верскиот празник Велигден, од денеска до понеделник, автобусите од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред. Утре билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно

Нов скандал во Италија: Продажбата на „Сан Сиро“ се откажува?!

ФОТО:facebook.com/Inter/ Најголемата политичка партија во Италија поднесе предлог за откажување на продажбата на „Џузепе Меаца“ или „Сан Сиро“ на Интер и Милан, откако започна истрага за случајот со стадионот. По една деценија
Go toTop