Претседателката разговараше со претставниците на Националната Алијанса за ретки болести на РМ

February 28, 2025
1 min read

Предизвиците со коишто секојдневно се соочуваат лицата коишто живеат со некоја ретка болест, биле во фокусот на разговрите на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со претставниците на Националната Алијанса за Ретки Болести на РМ – НАРБМ: Ребека Јанковска Ристески, од здружението „Дајте ни Крилја“, Верче Јовановска Јанковска, од здружението „ХАЕ Македонија“, Александар Петровски, од здружение „РАСТ“ и Симона Јовевска, од здружението „СТОП СМА“.

-Соговорниците ја информираа претседателката дека како резултат на досегашната работа се избориле за терапија за сите пациенти за чија болест има лек. Но и натаму, како што истакнаа тие, остануваат нерешени бројни бариери во образованието и во социјалната сфера. На луѓето кои имаат некоја ретка болест, како што рекоа, им недостига мултисистемска поддршка – пристап до образование, можности за вработување и достоинствена работа, вклученост во сите текови во општеството. Велат, луѓето со ретки болести не сакаат да бидат само пациенти, туку сакаат да бидат корисни и да придонесуваат за заедницата, соопшти вечерва Кабинетот на претседателката.

Сиљановска Давкова посочила дека недозволиво е за овие луѓе и нивните проблеми да се зборува само еднаш годишно, на 28 февруари – Меѓународниот ден на ретки болести. Затоа, смета таа, лицата со ретки болести треба и мора да бидат порадикални за да ја зголемат својата видливост. А за да бидат перцепирани како фактор којшто мора да се земе предвид, неопходно е да делуваат заеднички.

Институциите, пак, истакнала претседателката, мора повеќе да имаат слух и разбирање за тоа што им е потребно на луѓето коишто живеат со ретка болест.

-Тоа е инклузивност, да прифатиме дека овие луѓе ги изразуваат своите способности на малку поразличен начин, укажала претседателката.

Како можни решенија коишто произлегле од разговорот е да се создаде Национална стратегија за ретки болести којашто во себе ќе вгради системски решенија и гаранции за пристап до образование, социјални услуги, можности за вработување и пристојна работа, а којашто ќе биде резултат на дискусија во Собранието коешто е дом на демократијата.

Во недостиг на лични асистенти, соговорниците гледаат решение во волонтерството. Како пример бил посочен случајот со САД. Имено, децата во средните училишта, како резултат на часовите посветени на волонтирање, добиваат бодови кои потоа влијаат на нивната оценка.

Претставниците на Националната Алијанса за ретки болести исто така бараат да се воведе неонатален, односно скрининг на бебето штом се роди, како алатка за откривање на одредени ретки болести. Потенцирајќи дека луѓето со ретки болести секогаш ќе ја имаат нејзината поддршка, стои во информацијата, на емотивната средба претседателката истакна дека овие луѓе не смеат да бидат оставени сами на себе.

Националната Алијанса за ретки болести во себе обединува 15 здруженија на граѓани и поединци. Нејзините активности се во насока на подобрување на квалитетот на живот на семејствата и пациентите кои се соочуваат со ретки болести.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски на Подготвителниот состанок

Следно

Откажана прес конференцијата со Трамп: По расправијата, пропаднаа преговорите во Белата куќа?

Latest from Blog

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод седумнаесетгодишнината

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден”. По повод седумнаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа

Кина ги повика САД да го продолжат со дијалогот со Русија за стратешка стабилност

Кина ги повика Соединетите Американски Држави да ги продолжат со разговорите со Москва за стратешката стабилност и последователните аранжмани по истекот на новиот договор за намалување на стратешкото вооружување (Нов старт) меѓу

Арафат: Недостатокот на противпожарна заштита е заеднички за трагедиите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана

Заедничко за пожарите во клубовите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана е тоа што во сите три објекти немало или не се почитувале протоколите за заштита од пожари, кажа денеска во Скопје Раед

Декември 2025 натпросечно топол и потпросечно врнежлив

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Во споредба со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете
Go toTop