Претрес во Струмица, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

October 7, 2023
1 min read

реклама

На 06.10.2023 во 22.30 часот во Струмица полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Ј.М. (34) од Струмица, затоа што во патничкото возило „санг јонг“ со бугарски национални ознаки, управувано од негова страна, бил пронајден кокаин.

Исто така, на 06.10.2023, врз основа на наредба од судија на претходна постапка, бил извршен претрес во домот на З.Б. (58) во Струмица, поради основи на сомнение дека му ја продал дрогата на Ј.М.. При претресот биле пронајдени повеќе полиетиленски пакувања со кокаин, марихуана, дигитална вага, шприц исполнет со кафеава материја и пари во различни апоени. Ј.М. и З.Б. биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Струмица. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежното обвинителство.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган ги повика на воздржаност страните поврзани со настаните во Израел

Следно

Кинезите дигаат ветерници за само еден ден

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop