Претходните денови топ тема беше говорот на ирскиот премиер кој го прекори Бајден во врска со ситуацијата во Газа

March 20, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – На приемот во Белата куќа по повод Денот на свети Патрик, топ тема стана говорот на ирскиот премиер Лео Варадкар упатен до американскиот претседател Џо Бајден, кој има ирско потекло, во кој настаните во Газа ги спореди со минатото на Ирска, известува Анадолу.

Во својот говор Варадкар го потсети Бајден дека причината зошто Ирците се соживуваат со палестинскиот народ е тоа што луѓето во Газа страдаат слично на она што го преживеале самите Ирци.

Премиерот Варадкар во обраќањето рече:

„Кога патувам низ светот, лидерите често ме прашуваат ‘Зошто Ирците имаат таква емпатија кон палестинскиот народ?’ Одговорот е едноставен, во нивните очи ја гледаме нашата историја. Приказна за раселување, негирање на националниот идентитет, присилна миграција, дискриминација, глад…“.

Повикувајќи го Бајден, како Ирец, да ги исполни условите на демократијата и да стави крај на драмата во Газа, Варадкар рече: „На народот во Газа итно му е потребна храна, лекови, засолниште, а особено запирање на бомбардирањата.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милановиќ порача дека нема да ги почитува одлуките на Уставниот суд и дека наскоро ќе биде иден премиер

Следно

Нинова: Одиме на нови избори, тоа е нормален крај на еден ненормален договор

Latest from Blog

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за
Go toTop