ПРЕСУШЕНИ РЕКИ, СКАПА СТРУЈА: Новиот удар врз европската индустрија

August 3, 2026
1 min read

Тешката
индустрија во Европа ги трпи последиците од пресушувањето на најголемите реки
на континентот поради долготрајниот топлотен бран што го зафати регионот,
објави Блумберг.

Падот на
нивото на водата во Рајна и Дунав на рекордно ниски вредности почнува да го
отежнува транспортот на хемикалии, нафтени деривати и друга стока, истовремено
зголемувајќи ги трошоците за превоз. Високите температури
го ограничуваат и производството на
електрична енергија во нуклеарните централи од Франција до Унгарија, што
доведува до раст на цените на енергенсите и дополнително ги оптоварува
економиите во Источна Европа, се наведува во текстот.

Нискиот
водостој ги загрозува транспортот и индустријата

Прекините во
речниот сообраќај и рекордно нискиот водостој ги принудуваат европските земји
да ја приспособуваат инфраструктурата на новите климатски услови. Сепак, дури и
ако компаниите успеат да најдат алтернативни транспортни правци за да ги
заобиколат реките со низок водостој, повисоките трошоци би можеле да ја
загрозат конкурентноста на европската индустрија во однос на конкурентите во
Азија и Северна Америка, оценува Блумберг
.

Топлотниот
бран дополнително ги зголемува трошоците, принудувајќи одделни земји да го
намалат производството на електрична енергија во нуклеарните централи,
вклучувајќи ја и Франција, чии нуклеарки претставуваат основа на енергетскиот
систем во Западна Европа. Проблемите
го погодија и земјоделството. Поради рекордно нискиот
водостој на По, најдолгата река во Италија, отежнато е наводнувањето на
земјоделските површини во голем дел од земјата. Според прогнозите, во блиска
иднина не се очекува значително подобрување на состојбата со европските реки.

Падот на
водостојот му се заканува и на енергетскиот сектор

Во Унгарија
на 1 август беше исклучен вториот од четирите нуклеарни блокови на нуклеарната
централа Пакш, откако нивото на Дунав продолжи да паѓа. Производството на
електрична енергија во централата, која обезбедува околу 40 проценти од
потрошувачката во земјата, тогаш падна на помалку од четвртина од капацитетот,
односно на околу 2.000 мегавати.

Подоцна,
унгарскиот премиер Петер Маѓар соопшти дека централата ќе работи со моќност од
240 мегавати, по што ќе биде целосно запрена, за првпат по 44 години.

Премиерот на
Словачка, Роберт Фицо, изјави истиот ден дека земјата е подготвена да ѝ помогне
на Унгарија во случај на енергетска криза. Тој со потпретседателката на владата
и министерка за економија на Словачка, Дениса Сакова, како и со директорот на
компанијата „Словачки електрани“, Бранислав Стричек, разговараше за можноста за
итни испораки на електрична енергија за Унгарија.

Фицо наведе
дека словачките нуклеарни централи Богунице и Моховце работат во редовен режим.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НЕМА ВЕЌЕ ЧИСТАЧКИ. Во Белгија “снемало“ 3.000 куќни помошнички, можеби сега чекаат роботи

Следно

Флик го блокира заминувањето на Торес

Latest from Blog

Пикси на клупата на Ј.Кореја?! Има еден услов…

ФОТО: Fudbalski savez Srbije/FB Сензационално или не, сепак Драган Стојковиќ Пикси, има шанси да биде селектор на Ј.Кореја. Оваа информација ја потврди самиот Стојковиќ во интервју за јужнокорејскиот портал „KBS“, кој постави

ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА САМА СО СЕБЕ, АфД води на анкетите

 Етаблираните партии, оние кои сега се власт плус Социјалдемократите кои ја загубија власта во Германија, досега не беа во можност да го спречат порастот на десничарската AfD (Алтернатива за Германија) во анкетите

14 години од смртта на Арбен Џафери – од демонстрациите во Тетово и животот во Приштина до еден од највлијателните политичари во Македонија

На 15 август 2012 година, на 64-годишна возраст, почина Арбен Џафери, долгогодишен политичар, интелектуалец и еден од најзначајните претставници на албанската политичка сцена во Македонија. Денес се навршуваат 14 години од неговата
Go toTop