Престанете да ни праќате неовластени лица да ни вршат распити, спроведете законска ревизија и нов конкурс за директор, бара Програмскиот колегиум на МКЦ од Арсовска

January 27, 2023
4 mins read

Програмскиот колегиум на Младински културен центар (МКЦ) бара од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска да бидат по закон спроведени постаките за ревизија и именување на директор на институцијата.  Денеска на прес-конференција тие побараа да биде отворен регуларен и фер конкурс за директор на МКЦ.

Како програмски уредници со драго срце и полн ентузијазам повторно ќе дадеме сѐ за културата на европско Скопје, велат од Програмскиот совет на МКЦ.

Тие сметаат дека информациите кои вчера ги пласираше Арсовска на прес-конфренција се паушални и незаконски, бидејќи ревизијата во МКЦ е во тек и се уште трае.

Охрабрете се и завршете ја својата работа по закон до крај. Одважете се, и по закон спроведете ги постапките и за ревизија, и за именувања. Веќе четврта година сме мета на јавни обвинувања и подметнувања, разни финансиски полиции, ревизии, контроли и судови. Ни го убивте кејфот и љубовта кон работењето. Истрајавме, и ќе истраеме сѐ додека веруваме во правна и правична држава, и само во тоа. Престанете да ни праќате неидентификувани и неовластени лица да ни вршат распити, да ни се врши мобинг и притосок на нашето работно место. Не дозволувајте повеќе секој да ги дискредитира и оцрнува нашите имиња и професионални интегритети, велат од Програмскиот совет на МКЦ.

Арсовска вчера го обвини поранешниот директор Ванчо Богоев дека ангажирал противзаконски 250 лица како хоноррарци, од кои повеќето биле блиски до неговата партија ВМРО-ДПМНЕ. На 90 пати биле ангажирани шанкери на испомош, од кои највисокиот хонорар бил 750 евра.

Богоев беше назначен за в.д. директор на МКЦ во јануари 2022 година, поточно тој го добива мандатот веднаш откако таа стапува на функцијата, а договорот му заврши изминатата недела, по што во медиумите објави дека трпел огромни притисоци од Град Скопје.

Во МКЦ нема конкурс за избор на директор веќе четврта година по ред. Ние сакаме да веруваме во правна држава и почитување на законите, за конечно да истапи долгонајавуваната професионализација и избор на функциониери и раководители според искуство, меродавност и кредибилитет, кажа во интервју за „Република“ Богоев, кој беше разрешен по одлуката на Арсовска која на негово место да го назначи дипломираниот детектив Никола Алексов, кој нема работно искуство во културниот сектор.

Програмскиот колегиум на МКЦ има забелешки и на тоа кој ја врши ревизјата. Според нивните кажувања, лицето кое е во моментов во МКЦ и ги прегледува документите не е ревизор, туку врработен во службите на град Скопје.

Од главната благајна на МКЦ подигнати се нешто над 100.000 евра во готовина, кои биле извлекувани од сметката на институцијата без соодветна основа (6.2 милиони денари). Од каде е оваа информација? Кој ја потврдил или негирал? Дали ова е информација од тековната ревизија во МКЦ? Пред да одговориме на ова сакаме да укажеме на грубо кршење на законите и правилата на ревизорски надзор и извештај. Имено, ревизијата е нормална постапка и пракса за секоја институција. И ние истата максимално ја поддржуваме, а од нивните забелешки учиме и се корегираме. Но, досега правилата беа јасни: ревизијата по своето работење издава записник, на кој институцијата преку нејзините надлежните органи имаат законски рок да се произнесат и евентуално да појаснат и да дополнат пред таа да стане официјална. Ревизијата во МКЦ сѐ уште е во тек, и овие информации пласирани во јавноста се во најмала рака незаконски и во моментов паушални. Но, во интерес на јавноста и насловите во овој момент, сепак ќе појасниме дека: како благајна за 2022 година се водат 6.232.388 денари, од кои 5.914.888 се уплати од дневен промет од работата на угостителската дејност на МКЦ (бифе/шанкови) кои преку благајна потоа се уплаќаат на сметката на ЈУ МКЦ, а само 317.500 денари се директни готовински материјални трошоци, кои преку цела 2022 година се користени готовински и се однесуваат за ситни набавки, поправки, патарини, сервисирања и сл, поткрепени со соодветна документација и сметки. Тврдењата за недостаток на некакво покритие и документација за ова, беше токму нашиот сомнеж и страв по промените на бравите на пример, во простории каде таа документација се чува, рече Русе Арсов.

Програмскиот колегиум на МКЦ објасни и за обвинувањата за платите кои беа спомнати вчера од страна на Арсовска.

Што се однесува до сега веќе бомбастичните наслови дека „шанкер зема 750 евра плата во МКЦ“, би сакале да појасниме дека: во недостаток на редовен вработен персонал, секако за да оствариме сопствени приходи ќе се потпираме на сѐ уште расположливи надворешни млади луѓе, кои се останати во градот и сакаат да работат. Најчесто тоа се студенти, кои чесно работат за дневница, често и двојни смени, која на крај на месецетот врз основа на сработеното им се исплаќа како хонорар, со платен данок. И секако 90 договори не се 90 лица – паушален одговор за 12 месеци во годината се 7 извршители месечно, секое со свој посебен месечен договор. Како и да е, на секој од нив посебно сме им благодарни, велат од Програмскиот колегиум.

Од Комегиумиот додаваат дека МКЦ се труди да оствари и сопствени приходи, и да изнајде други начини на финансирање, но истакнуваат дека сите овие дополнителни средства кои ги обезбедува МКЦ се реинвестираат повторно во други настани и проекти.

Но исто така од овие средства се доплаќа и за струја и парно, се кречи, се плаќаат дополнителни работници, се поправаат компјутери, се купува опрема… Сето она кое Град Скопје, како една од нивните канцеларии за култура, не може да ни го обезбеди. Свесни сме за тоа „колку е долга чергата на градот и државата“ и затоа свесно се обидуваме да сработиме и повеќе од она кое се бара од нас. Како мала илустрација во 2019 година имавме засебни 1370 настани во 365 дена. Како е сето тоа можно?, велат од Програмскиот колегиум.

Од МКЦ денес рекоа дека Богоев од оправдани причини денес не беше на јавното обраќање и веруваат дека тој секако дополнително ќе се обрати и ќе ги искористи сите правни законски механизми да ја објави вистината.

Воедно ги охрабруваме и сите други вработени во администрацијата на Град Скопје, на кои веќе подолго време слушаме дака им се вршат исти или слични притисоци, кои тивко кажуваат и дека го слушале гласниот „состанок“ меѓу поранешниот вд директор и генералниот секретар на Град Скопје, доколу е тоа така и спрема нив, да истапат и го обзнанат тоа пред надлежните институции и јавноста. Политичките и партиски етикетирања во оваа точка нема да ги коментираме. Нашата партија се вика МКЦ“, рекоа од Програмскиот колегиум.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВОЗАЧОТ ЕДВАЈ ИЗЛЕГОЛ: Сообраќајна несреќа кај Златибор

Следно

Трамп до Бајден: Ќе почнеш со тенкови, ќе завршиме со нуклеарки

Latest from Blog

Пленковиќ: Имав многу добар разговор со Трамп

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ имал телефонски разговор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кому му честитал за реизборот, објави премиерот на X. – Само што имав многу добар разговор со Доналд Трамп

НБА: Ванвлит казнет со 50.000 долари

Кошаркарот на Хјустон, Фред Ванвлит (30) е казнет со 50.000 долари поради непримерно однесување кон официјалните лица на натпреварот против Портланд, објави вечерва НБА лигата. Ванвлит доби техничка грешка во последните моменти

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Доне Таневски, најголемиот акционер во хотелската групација „Македонија турист“, го намали својот удел од 23,4% на 17,72%, по продажбата на 25.669 акции. Македонска берза ја потврди продажбата, при што Таневски сега поседува

Костадинов: Горд сум што мојот предлог доби преубава реализација

Секој еден градоначалник и политичар треба најпрвин да биде човек, а потоа се останато, напиша градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, на својот фб профифл. Многу сум радосен за прекрасниот почеток на

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Независниот синдикат на одбраната информира дека денес Министерството за одбрана исполни уште една своја обврска од колективниот договор, исплатени се средствата кои беа заостанати од потпишувањето на КД заклучно со јуни. Исплатата
Go toTop