Препознајте ги на време: Овие сигнали откриваат дека партнерот повеќе не ве сака

January 11, 2024
1 min read

Брачната терапевтка Беки Вајтсон за Cosmopolitan вели дека луѓето коишто се во долга врска или брак можат во одреден период да доживеат таканаречен „емоционален развод“, односно да престанат да имаат чувства кон партнерот.

Тој момент е окарактеризиран како максимален степен на незадоволство од партнерот и кога ќе се случи секој на свој начин се соочува со таквото емоционално искуство.

Постојат неколку типични карактеристики кои покажуваат дека партнерот повеќе не ве сака. Ова се петте најчести кои може да ги препознаете:

Често ве критикува

Вљубените луѓе лесно ги простуваат секојдневните грешки на партнерот, но кога не постојат повеќе чувства и најмалите ситници стануваат проблем. Ако на партнерот му оди на нерви сè што ќе кажете или направите, веројатно повеќе не чувствува љубов кон вас.

Сака да се дистанцира

Оваа состојба обично се случува по караница меѓу брачните партнери или луѓето во врска, кога двајцата или едниот од нив ги затвора чувствата пред другиот. Вајтсон советува да почекате барем 20 минути по секоја караница, а потоа да се обидете да ја смирите ситуацијата инаку во спротивно сте на добар пат кон „емоционален развод“. Ако вашиот партнер така се однесува кон вас и кога не сте скарани, веројатно веќе е доцна за спасување на врската.

Не се смеете заедно

Ако вашите заеднички моменти престанале да бидат забавни и додека сте заедно сè повеќе молчите и ретко се смеете, време да размислите за тоа колку вашата врска, односно брак има смисла. Терапевтката истакнува дека заладените односи меѓу партнерите се забележуваат во кратките забелешки и долгите периоди на тишина.

Недостаток на комуникација

Една од првите ознаки дека на партнерот не му грижа за вас е избегнување комуникација со вас. Ако само кратко ви одговара на прашањата и не се впушта во долги и искрени разговори можно е вашиот однос да не функционира како претходно.

Повеќе е со другите отколку со вас

Партнерите меѓусебно треба да си бидат најголема поддршка во животот, а ако забележите дека вашиот партнер повеќе се потпира на семејството, пријателите или на некој трет, тоа е знак за алармирање.

Поентата на „емоционалниот развод“ не е во физичкото неверство, туку во исчезнувањето на поврзаноста којашто вас ве прави пар.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

ВИДЕО: Сите гледале во бујното деколте на една од најзгодните жени во светот кога се појавила во ова издание

Следно

Меџити: ЕУ преку холандскиот амбасадор информира дека ДУИ стана главна кочница за интеграција на земјата во ЕУ

Latest from Blog

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Радовиш

Од 19:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Радовиш е нормализиран, информира АМСМ. Претходно АМСМ соопшти дека поради случена сообраќајна несреќа од 14:46 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Радовиш

Ким Кардашијан не верува во слетувањето на Месечината: НАСА ВЕДНАШ СЕ ОГЛАСИ

Во својата нова епизода од „Кардашијан“ риалити ѕвездата Ким Кардашијан изјави дека и таа припаѓа на групата луѓе кои веруваат во една од најпознатите теории на заговор за слетувањето на Месечината. Имено,

Политико: Бугарија ја разгледува можноста да побара изземање од американските санкции за „Лукоил“

Бугарија ја разгледува можноста да побара изземање од новите американски санкции против „Лукоил“, најголемата приватна нафтена компанија во Русија, бидејќи се плаши дека мерките ќе предизвикаат голем недостиг на гориво низ целата
Go toTop