Преписки за Законот за застапеност, Венецијанска или Собрание – каде треба најпрво да помине?

June 11, 2025
1 min read

Вчерашната изјава на премиерот, Христијан Мицкоски дека Законот за соодветна и правична застапеност најпрво ќе помине во Влада, а потоа ќе биде испратен во Венецијанската комисија за мислење пред да се усвои во Собранието, ја вознемири Алијансата за Албанците на Таравари.

Оттаму велат дека „обидот законот да оди на меѓународна евалуација пред усвојувањето во Собрание е опасна практика што може да создаде правен вакуум, во момент кога државата има потреба од јасни гаранции за правична застапеност на сите заедници“.

„АА настојува Законот за правична и соодветна застапеност првично да се усвои во Собрание и само после тоа да се испрати за мислење во Венецијанската комисија. Само на тој начин може да се избегнат можните задоцнувања, да се заштити граѓанската еднаквост и да се спречи политичката злоупотреба на вработувањата во администрација“, вели АА.

Биљал Касами од коалицијата ВРЕДИ гарантира дека ќе има Закон за соодветна и правична застапеност и ќе биде усвоен. Тој додаде дека од почетокот постои политички договор законот прво да оди во Венецијанската комисија, за да се избегнат проблеми како со Законот за јазиците пред Уставниот суд.

„За нас не е најважно, како што за жал беше  политичка пракса во минатото, не е најважно законот да се донесе пред избори. Ветивме дека ќе има Закон за соодветна застапеност кој нема да биде оспорен од Уставот или други закони и кој ќе биде во служба на правичната застапеност, како што е предвидено со Уставот“, вели Биљал Касами.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера соопшти дека Законот за соодветна и правична застапеност е подготвен и наскоро ќе биде усвоен на една од следните седници на Владата, по што ќе се испрати за оценка во Венецијанската комисија – како последен филтер пред да влезе во собраниска процедура.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повик за медиумска, продукциска и менторска поддршка за организации и заедници кои се залагаат за демократски, европски, солидарни и зелени вредности

Следно

За 7 години, 17 000 илјади помалку ученици

Latest from Blog

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop