Пренесена надлежност за случајот против командантот Кричак и неговите соработници

August 26, 2025
1 min read

Јавното обвинителство за организиран криминал ја пренесе надлежноста за случајот со кривичната пријава поднесена од партијата Србија центар против Марко Кричак, командант на Единицата за заштита на одредени личности и објекти, како и против уште седум негови соработници.

Делото сега го води Првото основно јавно обвинителство во Белград.

Кривичната пријава е поднесена против Кричак и неговите соработници: В. Л., Ј. О., Б. Ј., Д. В., Н. Д., Н. Ф. и З. В., заради сомнение за малтретирање и тортура. Делото било предадено на 18 август.

Од обвинителството информираат дека до Секторот за внатрешна контрола на МВР е поднесено барање за собирање на потребни информации, а на 22 август јавниот обвинител зел изјава од Н. С. и Д. Ц. во својство на граѓани. Во наредните денови изјава треба да даде и С. З.

По прибирање на сите релевантни информации и утврдување на фактичката состојба, ќе биде донесена одлука за понатамошниот тек на постапката.

Соопштија од Првото основно јавно обвинителство.

Партиијата Србија центар претходно најави дека ќе поднесе кривична пријава против Марко Кричак заради наводно малтретирање, тортура и сексуално вознемирување.

Пријавите се однесуваат на сомнение дека службени лица, со пречекорување на овластувањата, сериозно ги повредиле правата на студентите: Николина Синђелиќ, Стеван Здравковиќ и Душан Цветковиќ.

Овие студенти јавно сведочеа дека биле изложени на малтретирање од страна на Кричак и други припадници на МВР при нивното приведување за време на протестите.

По јавната исповед на Николина Синђелиќ за полициската тортура, на социјалните мрежи беа објавени нејзини интимни фотографии.

Студентката од Факултетот за политички науки, Николина Синђелиќ, најави и кривична пријава за одмаздничка порнографија против командантот на единицата за заштита и поранешна секретарка на МВР.

Главниот и одговорен уредник на телевизијата Информер, Драган Ј. Вучићевиќ, дури и прикажа дел од тие фотографии во живо во својата емисија.

Извор: 021.rs

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕВГЕНИЈ ПОП АЦЕВ е петтиот Македонец што го преплива ЛА МАНШ

Следно

Средба на директорот Живковски со гувернерот на Народната банка, Трајко Славевски

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop