Пренџов: Нова година, стари финти на ДУИ, поднесување интерпелации, маска за срамот кој им се случи со Груби

January 13, 2025
1 min read

„Дискутабилно е. Зошто? Ако направите една анализа на она што се случува во ДУИ и што го рефлектира на политичката сцена, ќе видите дека изминатите години истите потрошија огромна сума на средства, многу снимени реклами, многу интервјуа, за да го прикажат Ахмети како чесен политичар, како човек кој се бори за некаква кауза, којашто луѓето би ја оправдувале таа негова борба, но тоа траеше некое време. Во меѓувреме порасна неговите внуци, дополнително пола сектор за минерални суровини е во истрага, затоа што внуците на Ахмети не плаќале ништо“ , истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија, каде ги произнесе своите ставови по однос на однесувањето на Ахмети, како и на партијата којашто ја раководи.

Пренџов посочи дека ставањето на Груби на црна листа е само потврда за она што ВМРО-ДПМНЕ постојано го алармирала. Додавајќи дека во делот на црната листа, покрај што обвинувањата кон него се однесуваат по однос на коруптивните моменти, пљачкањето на државата, истиот влијаел во судски одлуки.

„Не почнува со Артан Груби, туку почнува многу поодамна. Артан Груби како вицепремиер, или како премиер во сенка, ние многупати сме зборувале за него и еве излегува дека истото е вистина. За разлика од другите коишто се ставени на црната листа, таму многу јансно пишува во делот за него дека покрај тоа што имал коруптивни моменти, коруптивни афери, односно крадел пари, таму се вели и дека влијаел во судски одлуки“ , нагласи Пренџов.

Пренџов е дециден дека веќе на политичката сцена е нова генерација на политичари кои работат исклучиво за доброто на своите граѓани. Генерација која не може да биде компромитирана затоа што приматот за нив останува заштита на државата и на граѓаните.

Односно расчистување со криминал и корупција како што ветиле пред граѓаните.

„Дојде генерација на политичари, коишто неколку години баравме поддршка и дававме ветување дека доколку граѓаните ни дадат доверба и поддршка да управуваме со Македонија, една од работите која сигурно ќе ја направиме е дека ДУИ ќе оди во опозиција. Тоа и го направивме. Ние сме генерација која не можат да ја поткупат, не можат да се испазарат. Не може да направат нешто позади политичката сцена матно, тоа го кажавме, тоа и го исполнуваме“, заклучи Пренџов.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел ќе одобри изградба на 2.749 нови станбени единици на окупираниот Западен Брег во рок од шест месеци

Следно

Гордана Јанкуловска: Борбата за правда продолжува

Latest from Blog

Керик пред отказ, Манчестер јунајтед гледа кон Јулијан Нагелсман

Манчестер јунајтед веќе размислува за нов тренер, а како едно од имињата што се разгледуваат за клупата на англискиот гигант се споменува германскиот стратег Јулијан Нагелсман. Последното разочарување и ремито 1-1 против

Ираола: Црвениот картон на Гравенберх го промени текот на дербито

Менаџерот на Ливерпул, Андони Ираола, смета дека исклучувањето на Рајан Гравенберх било клучниот момент во поразот од Манчестер сити со 0-3 на „Енфилд“. Гостите постигнаа три гола за 13 минути, откако домашниот

ТРАМП ПРОГЛАСИ ПРИМИРЈЕ. Зеленски е изненаден: Армијата доби наредба

Американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш објави дека „„енергетското примирје“ меѓу Русија и Украина ќе стапи на сила веднаш“. „Двете страни се согласија. Не го кршете! Ви благодарам за вниманието. Претседателе ДОНАЛД Џ.
Go toTop